НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Украински тинејџер помогнал со дрон да се уништи колона руски возила: Бев среќен, но луѓето гинеа

0
By НОВА ТВ Terziova on June 7, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот тинејџер Андриј Покраса лоцирал колона возила на руската армија која се приближувала од запад во полето зад неговата куќа.

Тоа се случило кон крајот на февруари, кога руската армија напредувала кон Киев. Украинските одбранбени сили им дале задача на цивилот и на операторот со беспилотни летала да ја пронајдат колоната возила. А токму тоа го направил 15-годишниот Андриј.

Според MSN, неговиот идентитет и улогата што ја одиграл во војната ги потврдиле шефот на украинската федерација на сопственици на дронови, командантот на вооружените сили на Украина и неговите родители. Командантот Јуриј Касјанов вели дека тинејџерот бил единствениот со искуство во управување со беспилотни летала во областа.

„Тој е вистински херој на Украина“, изјави командантот за Глобал њуз. Андриј вели дека ова искуство му било крајно застрашувачко, но дека не сакал руските војници да го заземат неговиот град.

Одбранбените сили се свртеле кон него бидејќи требало да ги дознаат ГПС координатите на колоната возила на руската армија, рече Андриј. Му дале информации каде требало да бидат Русите, а целта на тинејџерот била да ги најде точните координати и да им ги даде тие информации на украинските војници.

„Успеавме да ја најдеме колоната затоа што на еден камион долго време му беа вклучени светлата. Тие ја таргетираа локацијата откако им ги дадов координатите и фотографиите“, рече Андриј. Тој додава дека неговите чувства биле измешани, бидејќи луѓето на крајот загинале. Со негова помош Украинците успешно ја уништиле колоната. „Бев среќен, но луѓето гинеа. Тие беа окупатори, но сепак луѓе“, вели младиот Украинец.

За време на војната во Украина, комерцијалните беспилотни летала станаа важна алатка, па стотици цивили успешно ги користеа дроновите за снимање на движењата на руските сили, како и потенцијалните воени злосторства. Податоците подоцна биле проследени до украинските власти или објавени на Интернет. Командантот вели дека многу млади Украинци се премногу млади за да им се приклучат на вооружените сили, но дека придонеле за управување со беспилотните летала, пишува МСН.

„Тие помогнаа не само во тоа, туку и со пренесување на информациите собрани со набљудување руски војници и возила. Тие се сметаат себеси за слободни луѓе во слободна земја и затоа сакаа да бидат дел од неа“, рече тој.

Андриј Покраса Русија Свет Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.