Активностите поврзани со самитот на „Отворен Балкан“ кој се одржува во Охрид, привршуваат. Како што е најавено следува церемонија на потпишување на заеднички документи и тоа: Договор за соработка на Западен Балкан во областа на меѓусебното признавање на дипломите и научните звања издадени на високообразовните и други институции, Меморандум за разбирање за соработка во областа на туризмот, Меморандум за разбирање за културна соработка во Западен Балкан и Меморандум за разбирање за соработка меѓу даночните администрации на Западен Балкан.
По потпишувањето следува прес конференција на лидерите на оваа иницијатива Ковачевски, Вучиќ и Рама.