НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потрес во Софија, владата на Петков на стаклени нозе, Трифонов му сврте грб

0
By Соња Крамарска on June 8, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска најави дека ја напушта владата на премиерот Кирил Петков поради неговите обиди да постигне компромис со Северна Македонија и поради тоа што „државата нема пари“.

„Причините поради кои оваа коалиција не функционира и за нас нема место во неа се две: Македонија и фактот дека државата веќе нема пари“, соопшти Трифунов на вонредно обраќање.

Тој го обвини Петков дека во однос на спорот со Северна Македонија води друга надворешна политика, различна од таа на парламентот, Министерството за надворешни работи и од политиката декларирана од Консултативниот совет на претседателот Румен Радев.

Кирил Петков предводи влада составена од четири партии во која, покрај Има таков народ, е и неговата Промената продолжува, Демократска Бугарија и Бугарската социјалистичка партија.

Трифонов го обвинува за заткулисни игри. „Премиерот си има друг министер за надворешни работи, не министерката Теодора Генчовска, туку друг, која се вика Весела Чернева. Кирил Петков им ветил на различни лидери од Европа и светот дека ќе го подигне ветото за Северна Македонија, и покрај тоа што огромен дел од бугарските граѓани сакаат Северна Македонија да започне преговори дури откако ќе го исполни договорот меѓу двете држави потпишан во 2017 година. На тој начин Кирил Петков грубо, без пардон и еднострано го нарушува потпишаниот коалициски договор. Тоа се нарекува национално предавство“, рече Трифонов.

Во првичната реакција по објавата на Трифонов, премиерот Петков најави дека тој и понатаму ќе предводи „малцинска влада“. Според информациите во бугарските медиуми, тројца министри на Има таков народ ја напуштиле денешната владина седница, додека четвртиот воопшто не присуствувал.

влада на Петков потрес Славеј Трифонов Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.