НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителката Ленче Ристоска за Нова: Успеавме да докажеме дека „Талир 2“ е корупциски предмет

0
By Biljana on June 9, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Три години откако судскиот предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство „Талир 2“ влезе во судница, деновиве ја бранува политичката јавност со пресудата на судечкиот совет предводен од судијката Даниела Алексовска Стојановска која побара и конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и на друг имот на партијата низ земјава.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески овој сложен судски предмет ѝ го довери на обвинителката Ленче Ристоска која го внесе во судницата во Кривичниот суд во Скопје кон средината на септември 2019 година.

Стамена и сигурна во доказите, тогаш Ристоска порача дека Обвинителството ќе докаже дека со злоупотреба на службената положба осомничените овозможиле правното лице „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако во времето на обезбедување на услугата тоа имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политичките партии, Законот за финансирање на политичките партии и на Законот за облигационите односи.

По изречената пресуда побаравме реакција од обвинителката Ристоска која заедно со обвинителот Љубомир Лапе работеше на предметот „Талир 2“.

– Во рамки на предметот „Талир 2“ беа обезбедени и презентирани голем број вербални и материјални докази со кои обвинителството успеа да ја докаже теоријата на случај и да го убеди судот дека се работи за корупциски предмет скриен зад бројни правни акти и процедури. Поради тоа задоволни сме што судот ги препозна коруптивните аспекти и донесе осудителна пресуда, изјави обвинителката Ристоска за Нова.

Освен партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, како што објавивме претходно, според одлуката на судот се конфискува и имот на партијата во Берово, Македонска Каменица, Новаци, Велес, Струмица, Кавадарци, Кисела Вода, Охрид, Пробиштип, Лозово, Кочани, Струга, Нов Дојран, Неготино, Петровец, Богданци, Градско.

– Воедно, задоволни сме и со околноста што судот ги прифати аргументите на обвинителството и донесе одлука и за одземање на предмети и конфискација, што е исклучително важно од аспект на генерална превенција за ваков вид на кривични дела, изјави Ристоска.

Колегата на Ристоска, обвинителот Љубомир Лапе кој го застапуваше предметот до пресудата побара затворски казни и за двајцата обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски и рече дека нема олеснителни околности ни за поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ , а откако на Божиновски судот му одреди условна казна од две години најави дека прво ќе ја разгледа пресудата, па ќе одлучи дали ќе поднесе жалба.

Ленче Ристоска пред три години и на рочиштето за незаконското финасирање на ВМРО-ДПМНЕ познато во јавноста како „Талир“ порача дека Обвинителството ќе докаже дека обвинетите презеле низа активности за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, со што оствариле финансиска предност за партијата од околу 4.6 милиони евра во однос на другите партии.

Инаку, Ристоска во 2018 година беше избрана за прв обвинител за врски со Македонија во Единицата за судска соработка на ЕУ, Еуроџаст (Eurojust).  Со нејзиното назначување на земјава тогаш ѝ се отвори патот за посилна соработка со Еуроџаст во борбата против прекуграничниот криминал меѓу земјите членки на ЕУ и земјите од Западниот Балкан.

Стојанка Митреска

Ленче Ристовска обвинителство талир 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.