НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Задолжително тестирање на дрога за јавните службеници, предложи опозицијата во Словенија

0
By НОВА ТВ Balaban on June 10, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенечките пратеници, министри, државни секретари, премиерот и претседателот наскоро би можеле редовно да бидат тестирани за наркотици, доколку се усвои законот предложен од Демократската партија, најголемата опозициска партија во Парламентот.

Демократската партија изјави дека „во интерес на јавноста е да се знае дали словенечките политичари земаат недозволени дроги“.

Законот е потребен, како што рекоа предлагачите, за да се подобри транспарентноста и поради одговорноста што ја имаат функционерите пред граѓаните.

Оние кои ќе треба да бидат тестирани се очекува „совесно и непристрасно да ги извршуваат своите обврски“, изјавија демократите.

Законот предвидува носителите на јавни функции да се тестираат еднаш годишно, но ќе бидат информирани за тестот 48 часа порано.

Тестот би се спроведувал во присуство на четиричлена комисија во која би членувале двајца претставници на новинарски организации, а резултатите би биле јавно достапни.

Сличен закон беше предложен пред пет години, но не помина во парламентот бидејќи беше оценет како неостварлив и популистички.

Новиот предлог е поднесен неколку дена откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое Лука Месец, лидерот на Левица, која е дел од коалициската влада, признава дека повремено пуши марихуана. Неговата партија долго време се залага за легализација на марихуаната во Словенија.

дрога Словенија тестирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.