НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со д-р Александра Георгиева: Специјализантите не можат да преживеат без финансии од родителите

0
By НОВА ТВ Balaban on June 13, 2022 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време кога исплатата на дежурства е прекината, од месец февруари, а веќе се доведува во прашање и исплатата на надоместокот од 26.000 денари исправени сме пред одлуката – миграција или работа на поле што е надвор од нашата професионална едукација. Дел од колегите држат приватни часови на студенти, дел се ангажирани во фармацевски куќи, се со цел да си обезбедат егзистенција. Нашата земја не ги губи своите доктори бидејки тие сакаат подобра финансиска сатисфакција за работата, ги губи бидејќи ги брка оттука – вели во интервјуто за НоваТВ д-р Александра Георгиева, специјализант на Клиниката за кардиологија во Скопје и претседателка на Здружението на лекари специјализанти кое преку отворено писмо му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски, за надминување на, како што велат, горливиот проблем за лекарската фела – од месец февруари е прекината исплатата на дежурствата од страна на ФЗОРСМ, иако специјализантите имаат склучени договори со клиниките за исплата на надоместокот за својата работа.

Д-р Георгиева, како живеете Вие како лекар специјализант и Вашите колеги на приватна специјализација со оглед дека не ви се иплатени дежурствата, а немате ни здравствено осигурување. Се позајмувате ли од ваши блиски, можеби и од бабите и дедовците за да го поминете месецот?

– Лекарите на приватна специјализација од 2018 година започнаа да земаат надоместок за својата работа во износ на тогашната просечна плата од 26.000 денари, а пред една година се започна со исплата на ноќните дежурства и здравствено осигурување. Во ек на инфлација и драматично поскапување на цените на основните производи за живот, неисплатените дежурства, кои на месечно ниво просечно изнесуваа околу 20 отсто од надоместокот, претставува силен удар врз животниот стандард на младите лекари. Во ваква ситуација, најголем дел од нас се принудени да бараат финансиска помош од своите родители, а станува збор за лекари кои најчесто се над 30 годишна возраст и веќе поминале 8 до 11 години во медицинска едукација, зависно во која година се на специјализација. А укинувањето, односно неплатеното здравствено осигурување, значи дека повторно не можеме да се лекуваме во болниците каде самите работиме, туку да се обратиме во приватни болници и лаборатории. Некои од колегите кои имаат семејства и нивниот партнер е приватен специјализант, ќе го изгубат осигурувањето и за своите деца, па може да се најдат во ситуација да не можат ниту да ги вакцинираат.

Кои се вашите обврски на клиниките и во болниците каде што се ангажирани? Дали прегледувате и лекувате пациенти заедно со вашите колеги лекари кои се вработени? 

– На клиниките каде специјализираме нема никаква разлика помеѓу вработените во ЈЗУ и колегите на приватна специјализација – тие апсолутно извршуваат идентични задачи. Најчесто дежураме помеѓу 4 до 8 пати месечно, зависно од потребите на клиниките, помеѓу 18 до 24 часа. Во тек на дежурствата колегите пружаат здравствени услуги: прегледи, приеми, интервенции и дијагностика.

Колку години треба да работите како лекар во  Македонија, а колку во странство, за да ги вратите средствата за специјализација која вашите семејства ги чини околу  12.000 евра? 

– Зависно од должината на специјализацијата 4, 5 или шестгодишна,  трошоците се движат околу 8.000 до 12.000 евра. За во Македонија да го надоместите овие средства, ви требаат околу 2 до 3 години работа како лекар специјалист, додека во која било западноевропска земја околу 2-3 месеци.

Колку Вие и колегите сте задоволни од менторите во текот на специјализацијата – го пренесуваат ли несебично нивното знаење и искуство или некои, можеби, љубоморно го чуваат ?

– Менторирањето и едукацијата, за жал, варираат од клиника до клиника како и од самиот професор кој е ментор на специјализантот.  Едукацијата кај нас е далеку од завидно ниво, во споредба со европските центри. Ова е одраз на многу чинители, пред се, државата не е заинтересирана да инвестира во научно-истражувачка работа, немањето на соодветни услови за работа и укинувањето на програмите за едукација на младите лекари надвор од границите на државата, кое  претставуваше чекор наназад на ова поле.

За споредба, колкав е надоместокот за дежурства за вашите колеги во земјите во ЕУ, а која е нивната плата како лекари специјалисти?

– Во земјите на ЕУ не постојат невработени лекари а со тоа и приватни специјализанти. Велат најскапо е да не вработите лекар, па оттаму се  прашуваме дали Македонија можеби е побогата од западно европските земји бидејќи може да си го дозволи луксузот да го држи невработен најдефицитарниот кадар во Европа, особено постпандемично невработен и силно мотивиран да си замине?! На пример, плата на лекар специјализант во Германија е помеѓу 3.000-4.500 евра. Да напоменам, дипломите на нашите лекари се признаени во Германија и се бара само познавање на јазикот. Чисто за компарација, во соседна Грција се објавени конкурси за вработувања на 700 лекари и 4.000 сестри како дел од стратегијата за екипирање на јавното здравство.

Пред неколку дена со отворено писмо се обративте и до премиерот Ковачевски за овие проблеми – каков одговор добивте? Ќе се регулира ли исплатата и зошто воопшто доцни? 

– Засега не сме официјално контактирани од ФЗОРСМ, ниту пак имаме одговор зошто исплатата прекина. Образложението од директорите на Клиниките е дека пари од Фондот за здравствено осигурување за таа ставка не пристигнуваат, односно, неофицијално, Фондот усно ги информирал сметководителите на Клиниките да престанат да го исплатуваат ноќниот труд. Секако, очекуваме одговор на писмото од кабинетот на претседателот на Владата.

Како сево ова што се случува, за што мораше и јавно да реагирате како Здружение, ќе се одрази врз вашите идни планови? Дали некои можеби веќе ги спремаат куферите? 

– Ваквиот развој на настаните дадоа силен негативен импулс каде се соочуваме со регрес на позитивни политики, нормално, ова гради длабоки фрустрации кај колегите и само ги мотивира што побрзо да си заминат од Македонија, се со цел нивниот труд да биде реално вреднуван и да обезбедат финансиска стабилност за себе и за своите семејства.

За колку лица станува збор што не добиле дежурства од февруари? Која е сумата што треба да ви се исплати?

– Сите колеги на приватна специјализација кои дежураат, не добиваат исплата за истите, тоа се околу 150 доктори. Се разбира, овие бројки варираат од потребите на клиниките, кои верувам сега ќе се засилат во текот на летните одмори. Не би можеле да дадеме точна проценка колку би чинела ретроградната исплата, но тоа што можеме да тврдиме е дека станува збор за планирани буџетски средства кои веќе биле резервирани за таа намена, така да не гледаме пречка зошто лекарите не би биле исплатени за својата работа.

Д-р Александра, што специјализирате? Дали ова што се случува, но и пошироко во нашето опкружување, влијаеше на Вашиот ентузијазам и на љубовта кон професијата? Вашето и времето на колегите е  драгоцено и треба да го посветите на науката и професијата, за добробит, нели на пациентите…

– Јас сум специјализант на Клиниката за кардиологија, веќе 5-та година. Се подразбира дека ваквите настани доведуваат до демотивација за градење на професионална кариера во овој систем. Фокусот кој треба комплетно да е насочен кон професионално надоградување, сега се пренасочи во апели до институциите и безброј писма преку кои се  бориме за сопствената егзистенција. Нашата земја не ги губи своите доктори бидејки тие сакаат подобра финансиска сатисфакција за работата, ги губи бидејќи ги брка оттука! Ова како порака и воедно апел би сакала да го упатам до јавноста бидејќи мора да го запреме овој тренд еднаш засекогаш – држава без млади интелектуалци е држава без иднина.

Љубица Балабан

Александра Георгиева дежурства интервју Надоместок специјализанти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.