Земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер ноќеска е регистриран во соседна Грција. Потресот бил почувствуван и во Македонија во градовите Битола, Ресен, Охрид, но со послаб интензитет.
Имало земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала во Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот бил на 20 километри од Тирана, а нема информации за штети. Земјотресот бил на длабочина од пет километри.
И Сеизмолошкиот завод на Црна Гора регистрираше нов послаб земјотрес со епицентар на четири километри источно од Бар.
„Јачината на земјотресот е три степени според Рихтеровата скала, што одговара на интензитетот на епицентарот од 4 степен од Меркалиевата скала (МЦС)“, се наведува во соопштението.
Според првичните податоци, епицентарот се наоѓал на длабочина од 14 километри.
„Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, магнитудата на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, велат од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија.