Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Со францускиот предлог се решаваат сите барања на Бугарија

0
By НОВА ТВ Terziova on June 19, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 19, 2022 11:19

Францускиот предлог за РС Македонија е исклучително добар затоа што ги адресира сите очекувања на Бугарија, изјави Христо Иванов, копретседател на владејачката „Демократска Бугарија“ (ДБ) во емисија на бугарската Нова ТВ.

– Францускиот предлог за Република Северна Македонија е исклучително добар за Бугарија. Би било национално предавство доколку не го разгледаме предлогот поради внатрешно политички скандали – рече Иванов.

Според него, предлогот е многу добар за Бугарија бидејќи ги адресира, решава и ги исполнува сите нивни очекувања.

– Така, на најважната тема, промената на Уставот, Северна Македонија мора да се обврзе пред Европската унија да го смени и да ги регистрира Бугарите како еден од народите што ја изградиле државата, а ако тоа не го направи, нема да има преговори – рече тој.

Според Иванов, во документите се користат термините „малцинства“ и „заедници“. Тој ја опиша тезата на Слави Трифонов како „апсолутна национална неодговорност“.

– Со овој документ се решаваат сите прашања што ги побара Бугарија – коментира Иванов.

Тој потсети дека Советот за национална безбедност под претседателот Румен Радев се согласил дека Бугарија сака Северна Македонија и Албанија да започнат разговори.

За Слави Трифонов од Има таков народ (ИТН) чие напуштање на владејачката коалиција ја втурна Бугарија во политичка криза, Иванов вели дека се обидува да ја користи темата за Северна Македонија за да си обезбеди алиби за некои негови внатрешно-политички дејствувања и порачува дека тоа е неодговорно.

Лидерот на ИТН, пак, вчера го критикуваше францускиот предлог со забелешки дека во него се споменува „малцинство“, а тој смета дека во Северна Македонија нема бугарско малцинство туку има Бугари. Исто така, имаше и забелешки зошто во предлогот се користи македонски јазик бидејќи, според него, таков не постои.

Бугарија вето регион Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.