Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голема парада на гордоста во Атина, присуствуваше и поранешниот премиер Ципрас

0
By НОВА ТВ Terziova on June 19, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 19, 2022 18:48

Со пораки против хомофобијата, трансфобијата, расизмот, дискриминацијата и нееднаквоста, со пораките „Љубовта е слепа, а не хомофобична“; „Водете љубов, а не војна“; „Човеку, љуби“, илјадници граѓани маршираа на традиционалната парада на гордоста во Атина под слоганот „Безусловно“, за која учесниците и организаторите велат дека беше една од помасовните во изминатите години, јави дописничката на МИА од Атина.

Плоштадот Синтагма и улиците во грчката метропола беа исполнети со боите на виножитото, со музика, насмевки, но и оптимизам дека дискриминацијата ќе биде минато, а припадниците на ЛГБТ+ заедницата ќе имаат еднакви права, нешто што и самите го истакнуваат.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина велат дека парадата има и двојно значење бидејќи не е само еден убав настан и забава, туку и можност да ги изразат нивните барања да добијат еднаквост, да ги добијат просторот и правата што треба да ги има секој човек.

Сепак, истакнуваат дека ситуацијата е подобрена и во минатото беа направен чекори во правилна насока.

„Ситуацијата за ЛГБТ+ заедницата е многу подобрена. Го гледаме тоа и сега. Некои се дојдени со нивните деца, има семејства и мислам дека веќе сме на добар пат ова да стане нешто нормално, во свеста на луѓето да биде нормално. Секако постојат уште многу ‘мрачни точки’, многу расизам, хомофобија итн“, вели за МИА Јоргос Калогеропулос од здружението „Proud seniors Greece“, односно група за поддршка на ЛГБТ+ лицата на возраст над 50 години.

„Athens pride“ доби и политичка и дипломатска поддршка, со оглед на тоа дека учествуваа и претставници на грчките политички партии, како и на дипломатскиот кор во Атина.

На плоштадот Синтагма беа поставени штандови, а меѓу нив и оние на владејачката Нова демократија, како и на опозициските СИРИЗА и ПАСОК- Движење на промена.

Штандовите ги посетија и низа грчки политичари, министри од Владата, но и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, кој вчера, заедно со членови од неговата партија до Парламентот доставија предлог закон за истополови бракови и правото за посвојување деца да важи за сите парови.

окму овие се и дел од барањата на ЛГБТ+ заедницата, со оглед на тоа дека во Грција, единствено е признат и законски договорот за соживот, но не и бракот, а не е дозволено посвојување деца од истополовите парови.

„Сигурно е дека се направени чекори. Не сме онаму каде што бевме пред 10, 15 години. Секако овие чекори се благодарение на голема битка на одредени луѓе. Но, сепак, гледаме дека не се направени храбри чекори од страна на државата. Поконкретно, постои договор за соживот, но ова е половично. Не постои брак, не постои посовојување, треба да се смени и расистичкиот закон каде што не е вклучен говор на омраза. Постојат уште многу работи кои треба да се сменат“, вели за МИА Ана Аперги од Асоцијацијата за поддршка на трансродовите лица.

Парадата започна пред грчкиот Парламент, учесниците над два часа парадираа низ улиците во центарот на Атина, а по завршувањето се одржа голем концерт на плоштадот Синтагма.

„Athens pride“ се одржува секоја година кон средината на јуни, а првата парада на гордоста беше во 2005 година.

Атина парада регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.