Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши општиот претрес по ребалансот на Буџетот, попладне почнува амандманската расправа

0
By НОВА ТВ Terziova on June 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2022 15:00

Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја завршија општата расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот, на која пратениците од опозицијата и од власта останаа на спротивставени ставови по однос на доставениот буџетски измени.

За опозицијата, ребалансот е доказ дека „економијата е разрушена” и дека „постојано се зголемува сиромаштијата”. Според опозициските пратеници, се работи за неразвоен буџет кој нема да може да се справи со актуелните економски и социјални притисоци.

Пратениците од власта, пак, порачаа дека со ребалансот се остварува заштеда на сериозни средства што ќе се искористат за директна помош за граѓаните и за стопанството, во услови на економска криза која го потресува целиот свет. Проектираниот ребаланс, нагласија тие, ќе обезбеди заштита на стандардот на граѓаните и ликвидност на компаниите кои се оптоварени со кризите на светските пазари.

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ во расправата истакна дека со ребалансот нема ништо да се промени, оти со него власта само купува време, а не се справува со проблемите, нагласувајќи дека во прилог на таквите ставови оди и постојаниот раст на јавниот долг и падот на БДП и на економскиот развој.

– Бродот тоне, луѓе се дават и умираат, ама министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека ќе ја задржува стабилноста со ребалансот за 2022. Ова е трагедија од животот, што оваа власт го ветуваше така надежно, рече Стојановска.

Во реплика, пратеникот од СДСМ Диме Велковски истакна дека не е точно оти има постојан раст на задолжувањето, бидејќи, како што рече, државата покрај тоа што се задолжува, секоја година отплаќа долгови и оти само лани бил исплатен долг од 500 милиони евра. Тој нагласи дека државата постојано работи да им помогне и на граѓаните и на бизнисот и оти конципирањето на овој ребаланс на Буџетот е во таа насока.

– Има пораст на платите, на пензиите, има поддршка за стопанствениците и за земјоделците, нагласи Велковски, додавајќи дека тоа ќе продолжи и со ребалансот, бидејќи се крати онаму каде не може да се реализираат средствата и се префрлаат таму каде што се неопходни.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници и гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари.

По редовната едночасовна пауза, членовите на Комисијата за финансирање и буџет треба да преминат на амандманска расправа, односно на разгледување на предложените над 200 амандмани на Предлог-ребалансот, поднесени претежно од опозицијата.

амандман Македонија Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.