НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Олаф Шолц ја повика Бугарија да излезе од минатото

0
By НОВА ТВ Terziova on June 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: timesofisrael.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот канцелар во Бундестагот рече дека утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан за малку ќе бил откажан поради најавениот бојкот на Ковачевски, Вучиќ и Рама

Германскиот канцелар Олаф Шолц пред Бундестагот изјави дека не е изненаден што самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел за малку ќе бил откажан поради одбивањето на лидерите на Македонија, Албанија и Србија да одат на него. Шолц пред парламентарците рече дека по толку неостварени ветувања за овие земји, не е изненадување што се случуваат такви работи.

За малку немаше да се одржи утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан. И искрен да бидам, тоа не треба никого да изненадува – рече Шолц.

Кога ќе разбудите очекувања, кога ќе им кажете дека патот кон ЕУ се исплаќа, кога ќе се преземат напори, и ќе се ризикуваат политички конфликти во сопствената земја, една земја – Македонија дури го смени и името за да го реши спорот со Грција, и сето тоа ништо не помага и ништо не се придвижува, тогаш е сосема разбирливa вознемиреноста која ја чувствуваат политичките раководства и граѓаните и граѓанките на овие земји!

Шолц прогнозираше дека поради тоа, утрешниот самит во Брисел со земјите од Западниот Балкан „нема да биде едноставен“.

Но затоа Германија мора јасно да се позиционира за да знаат: Германија е на ваша страна – рече Шолц.

Тој изрази надеж дека „сите ќе излезат од своите сенки и ќе ја сфатат својата одговорност“.
„ЕУ мора да даде зелено светло за Македонија и Албанија“.

Во таа насока, Шолц објасни дека посетата на Софија бугарскиот премиер „му ветил“ дека ќе биде многу конструктивен во разговорите со Скопје. Поздравувајќи го францускиот компромисен предлог за надминување на бугарската блокада, германскиот канцелар посочи дека и во текот на денешниот ден сѐ уште траат жестоки дебати на оваа тема во Бугарија.

Повторно е тоа она што ни прави потешкотии во Европа, работи од далечното минато се користат за да се уништи шансата за мирна иднина. Затоа се надевам дека Бугарија ќе избере пат кој ќе овозможи да се приближи до своите најблиски соседи на Западниот Балкан – рече Шолц.

Како што веќе најави, Шолц вети дека ќе бара реформи на ЕУ со цел таа да се подготви за прием на нови членки, преку институционални реформи и промена на принципот на едногласност. Но тоа, според него, не треба да го запре напредокот на земјите од Западниот Балкан.

Повеќе од 20 години овие земји чекаат да ги исполниме ветувањата. Неодамна бев во Солун, таму каде што го дадовме тоа ветување, и сите мислеа дека за 5 до 8 години ќе станат членки. Затоа сега е важно да кажеме: Ние го сакаме и потребен ни е Западниот Балкан во ЕУ – порача Шолц пред пратениците во Бундестагот.

Бугарија Македонија Олаф Шолц регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.