НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Не можам да гарантирам кога Шведска и Финска ќе станат членки на Алијансата

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 23, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека не може со сигурност да каже кога Шведска и Финска ќе станат полноправни членки на Алијансата.

Според него, причината е што не е сигурен дали овој воен сојуз ќе успее да ја убеди Турција, која се противи на членството на Финска и Шведска, да се премисли.

Двете нордиски земји официјално ја поднесоа својата апликација за членство во НАТО во мај, но тој процес беше веднаш блокиран од Турција, која бара Шведска и Финска да престанат да обезбедуваат заштита на Курдската народна партија, која Анкара ја смета за терористичка, но и да се укине ембаргото за оружје наметнато на Турција.

На прашањето дали има впечаток дека целата Алијанса е сега заложник на Турција, Столтенберг одговори:

„Имаме систем заснован на консензус и така се носат одлуките во НАТО. Секогаш е така, една или неколку членки не се согласуваат со нешто и потоа тоа го надминуваме“ рече Столтенберг.

Според него, Стокхолм и Хелсинки дури неодамна аплицирале за членство.

„Сè уште целта ми е тие да станат членки на НАТО. Но, тоа не можам да го гарантирам, но можам да кажам дека тоа е мојата цел“, додаде тој.

Првиот човек на НАТО рече и дека Турција е важна членка на Алијансата, која одигра клучна улога во борбата против тероризмот, а која има и важна геополитичка позиција во Црното Море, како и на границата со Ирак и Сирија.

„Значи, кога ќе изразат некаква загриженост, треба да седнеме и да разговараме за тоа, и тоа е токму она што го правиме. А потоа, се надевам, ќе најдеме решение, Шведска и Финска да станат членки на НАТО“, вели Столтенберг.

НАТО Столтенберг Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.