НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маврово, Ростуше и Центар Жупа чекаат да се вратат печалбарите во август за да (им) изберат градоначалник

0
By НОВА ТВ Terziova on July 4, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Медат Куртовски претходно беше градоначалник а сега е владин повереник до изборот на нов татко на Општината
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 20 август по трет пат ќе се гласа за избор на градоначалник на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Повторениот изборен процес е поради тоа што на октомвриските локални избори минатата година, не беше обезбеден цензус, бидејќи гласаа само 25 отсто од избирачите. Потоа во април повторно беа распишани избори, но во Маврово и Ростуше не се одржаа, откако од изборната трка се откажа единствениот кандидат Медат Куртовски, а во Центар Жупа не беа успешни, оти повторно немаше цензус. Немањето цензус, според  Куртовски се должи на иселеноста на жителите на општината во западно – европските земји.

„Инаку над 90 проценти од присутното население во општината излезе на гласање. Во ваков случај се повторува целата изборна постапка а владата назначува повереник. Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 09 ноември 2021 донесе одлука за именување повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалник на општината. Оттогаш  нема избран градоначалник туку повереник“, вели Куртовски.

Откако не успеаја изборите на 17 октомври 2021 година беа распишани нови избори. Но и вторите избори не беа успешни. За третите избори Куртовски вели дека повторно ќе поднесе кандидатура и се надева дека овој пат ќе биде постигнат цензус и ќе се избере градоначалник.

На јавна седница, ДИК едногласно и без расправа одлучи дека нема потреба од трошоци за организирање избори во ситуација кога до истекот на рокот, во Општинската изборна комисија не пристигнала ниту една кандидатура. На изборите на 17 април 2022 била поднесена кандидатура само од Куртовски како кандидат на СДСМ и коалиционите партнери, но истата потоа беше повлечена.

„Политичката партија ВМРО ДПМНЕ не поднесе кандидатура и заради тоа но и заради нивните најави за бојкотирање на изборите ние решивме да ја повлечеме и нашата кандидатура за да не се прават трошоци“. Бидејќи немаше друга кандидатура ние решивме да ја повлечеме нашата затоа што изборите немаше да бидат успешни поради бојкот од другата страна. Со оглед дека и ние ја повлековме кандидатурата и немаше кандидати ДИК мораше да донесе одлука да не се организираат избори“, додава Куртовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ на Општина Маврово и Ростуше пак, велат дека Владата на Македонија, спротивно на моралните принципи во смисла на фер и демократија, го поставила кандидатот Куртовски, за владин повереник за да може да ја поправи лошата слика за функционирањето на Општината и за неуспешно реализираните проекти.

„Видлив  е начинот на нивното функционирање, со злоупотребите кои ги прават преку Советот на Општината, каде што носат одлуки под маска на некаква си помош за социјални случаи, а во суштина се врши злоупотреба на средствата на граѓаните, за поткуп на гласачи“, велат оттаму.

Според нив, повторените локални избори се неуспешни затоа што, претседателот на Собранието, ги распишал за 18 април 2022 година, без никаква консултација со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, односно истите избори повторно не успеаја поради тоа што биле распишани во период кога на територијата на Општината, дома присутни имало помалку од 3000 гласачи.

„Во проценти по претпоставка сите да би гласале ќе биде процент помал од 30 отсто од вкупниот број на избирачи запишани во Избирачкиот список, каде се вкупно запишани нешто повеќе од 10000 гласачи, а за изборите да бидат успешни согласно изборниот законик, потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од вкупно запишаните лица во избирачкиот список, па со оглед дека ние како политичка партија имавме направено анализа, одлучивме да не пријавиме кандидат за градоначалник за повторените локални избори“, додаваат тие.

Но, и Куртовски и од ВМРО-ДПМНЕ на Општина Маврово и Ростуше се оптимисти дека на изборите закажани на 20 август ќе биде постигнат цензусот и ќе се избере градоначалник бидејќи во овој период од годината печалбарите се враќаат во својата татковина а сочинуваат над 60 проценти од населението кое живее и работи во западно европските земји.

Во меѓувреме започна рокот за пријавување кандидати за советници во Општина Тетово. Од Државната Изборна Комисија потсетија дека уште трае јавниот увид.

-Увидот е започнат е на 25 јуни и ќе трае до 14 јули, значи 20 дена. Собирањето на потписи пак, за предлагање на листи на кандидати е започнато на 20 јуни, и ќе трае до наредната недела, до 4 јули, исто во подрачните одделенија на ДИК во Гостивар, за Маврово и за Центар Жупа, соопштија оттаму.

Маја Терзиова

градоначалник Дик Дома Државна изборна комисија Маврово Ростуше и Центар Жупа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.