НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште една голема германска инвестиција во Македонија од 126 милиони евра, ќе се произведуваат шприцеви за вакцини

0
By Соња Крамарска on June 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер” отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските Развојни Зони (ТИРЗ).

Во новата фабрика на фармацевтскиот гигант „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини и сл. Планирано е отворање на над 180 нови работни места со просечна плата двојно над државниот просек. Почетокот на градбата се планира во третиот квартал од 2022 година, додека сериското производство треба да започне во 2024 година.

„Гересхајмер“ во ТИРЗ 2 веќе го реализира првиот проект за производство на технолошки продукти за фармацевтската индустрија. Првичната инвестиција од 25 милиони е веќе зголемена на над 60 милиони евра.

„Гересхајмер“ е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика, како шприцеви, канили, шишенца за вакцини и сл. Оваа компанија има погони за производство во над 36 локации во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија со околу 10.000 вработени и остварува приходи од приближно 1,4 милијарди евра.

Потпретседателот на германскиот гигант, Оливер Бургел, во разговор за Дојче Веле ја пофали Македонија за условите што ги нуди во однос на странските инвестиции.

„Кристално јасно е дека покрај условите и поддршката, влијание имаа и добрата инфраструктура, расположливот висококвалификуван кадар со висока работна етика, кој ќе треба да го дообучиме за специфичноста на нашиот бизнис, поддршката од властите, посебно тука би ја нагласил поддршката од страна на Технолошко-индустриските развојни зони кои се посебно посветени во поддршката, кои ја разбираат локалната потреба да се забрзаат работите кога има потреба за такво нешто, што е секако од голема поддршка за нас. Исто така и политичката стабилност. Но, исто така многу важно е што Северна Македонија е перфектна позиција за нашата европска производствена мрежа и повеќе од тоа – нашите клиенти можат многу лесно да ја посетат СевернаМакедонија, што е исто така добра работа. Тоа се покажа уште со првичната инвестиција. Сѐ ова одигра клучна улога во одлуката за да ја прошириме нашата инвестиција“, рече Оливер Бургел.

Фото: Од отворањето на фабриката „Гересхајмер“ во 2021 година кога беше премиер Зоран Заев

Одлуката за инвестицијата Бургел ја соопшти на средбата со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Премиерот Ковачевски искажа задоволство од одлуката на компанијата „Гересхајмер” да инвестира во Северна Македонија и рече дека е тоа потврда за владините економски политики и позитивната инвестициска клима во земјава. Ковачевски додаде дека новите инвестиции и вработувања во услови на светска криза се од голема важност за подобрување на стандардот на граѓаните и економскиот развој.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски нагласи дека со ова Северна Македонија влегува на мапата земји кои имаат капацитет и услови за сериозно големи висококвалитетни инвестиции од кои има директен бенефит за граѓаните и државата. Тој додаде дека ова се должи на новиот концепт на ТИРЗ кој се базира на препознавање на потребите на инвеститорите и флексибилниот пристап. Исто така нагласи дека клучен адут во привлекувањето на странски инвестиции во контекст на глобалните случувања е стабилноста гарантирана со членството во НАТО.

На состанокот потпретседателот на „Гересхајмер“, Бургел истакна дека Северна Македонија има одлична клима за водење бизнис. Пристапот до квалитетна инфраструктура, соодветна квалификувана работна сила и добрите пракси на работење биле клучни за одлуката за оваа голема инвестиција, рече тој. (Р.Н.)

„Гересхајмер“ инвестиција Јован Деспотовски ТИРЗ 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.