На клиничката болница во Битола денеска почина малолетното девојче повредено во сообраќајка која се случи вечерта на 14 јуни, на улица Ружа Делчева во Битола, пишува Нова Македонија.
По дваесетина дена борба на лекарите во Клиничката болница во Битола, за спас на девојчето, кое имаше само 15 години, тоа денеска им подлегна на повредите.
До сообраќајната несреќа дојде кога малолетен моторциклист со мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетната сопатничка која не носела кацига, додека пешакот поминал со полесни телесни повреди.