Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска влегува во еврозоната, курсот евро-куни се чува во тајност

0
By Соња Крамарска on July 12, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 12, 2022 11:23

Хрватска денеска ќе добие дефинитивна потврда за влез во еврозоната и ќе биде познат конечниот курс по кој ќе се заменува куната за евро.

Министерот за финансии Здравко Мариќ го нарече историски ден. „Голем ден за Хрватска, би се осмелил да кажам и историски“, изјави министерот Мариќ по пристигнувањето на состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (Екофин), кој денеска ќе донесе три правни акти – одлуката за прифаќање на еврото во Хрватска, потоа измената на уредбата со која Хрватска ќе биде додадена на листата од 19 членки на еврозоната како 20-та членка. Третиот правен акт е пропис со кој се утврдува дефинитивната стапка на конверзија на куната во евро.

Дефинитивниот курс на конверзија од куни во евра е информација чувствителна на пазарот, па таа ќе остане непозната сè додека одлуката конечно не биде усвоена.

Мариќ вели дека откако ќе се знае конечниот курс, ќе се активираат одредени одредби од хрватскиот закон за еврото, односно тој ќе започне прво со доброволно, а од 5 септември со задолжително двојно прикажување на цените во куни и евра. Хрватскиот министер за финансии, кој минатата недела поднесе оставка и ова е негова последна средба на Екофин, повтори дека приклучувањето кон еврозоната е добра вест не само за Хрватска, туку и за самата еврозона.

еврозона Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.