Бугарскиот парламент денеска ги ратификуваше протоколите на Северноатлантскиот договор за пристапување на Шведска и Финска. „За“ нивно усвојување гласаа 195 пратеници, а против беа 11 од „Возобновување“.
Финска и Шведска ги поднесоа своите апликации за членство во НАТО во седиштето на Алијансата на 18 мај. На самитот на НАТО во Мадрид на 28-30 јуни 2022 година, сојузниците одлучија да ги поканат Финска и Шведска да станат членки на Алијансата и се согласија да ги потпишат протоколите за нивно пристапување кон Северноатлантскиот договор. Тие сега мора да бидат ратификувани од парламентите на земјите-членки. (Р.Н.)