Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ и коалицијата со свои предлог – заклучоци за преговарачката рамка

0
By Соња Крамарска on July 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 14, 2022 12:12

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески пред почетокот на денешната собраниска седница за расправа за францускиот предлог, објави предлог – заклучоци во врска со францускиот предлог за кои рече дека се поддржани и од пратениците на владејачкото мнозинство.

Во предлог заклучоците се вели:

Пратеничката група на СДСМ поддржана од пратениците на владејачкото мнозинство предложи заклучоци за заштита на јазичните, идентитетските, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ.

Се задолжува Владата преку државната делегација за преговори со ЕУ доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските , историските и културните особености на македонскиот народ за елементи за кои не се преговара со ЕУ. Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа почитувајќи ги нормите на меѓународното право  со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ како и во целосна согласност со Резолуцијата  усвоена од Собранието на 29 јули 2021 година. Се задолжува Владата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без било какви објаснувања, додавки или фусноти. Се задолжува Владата при склучувањето на било какви договори , спогодби и документи со ЕУ кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со ФРОНТЕКС, истите да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти.

Се задолжува Владата во текот на преговорите за пристапување, се до нивното завршување  и заклучување на договорот за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и по приемот  во ЕУ, Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение  за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка. Со приемот во членство во ЕУ, македонскиот јазик да стане еден од службените јазици на ЕУ, без било какви објаснувања, додавки или фусноти.

Се задолжува Владата билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедски односи кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со копенхашките критериуми за членство да не бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на преговорите за членство во ЕУ. Преговарачата рамка да се усвои веднаш на почетокот на преговорите со ЕУ. За одржување на првата меѓувладина конференција за отварање на пристапните преговори и скрининг процесот, и следната меѓувладина конференција за комплетирање на отварачката рамка на преговорите согласно предлогот на француското претседателство со ЕУ, да се донесат одлуки веднаш за истите да не зависат од донесувње на дополнителни одлуки од страна на земјите членки.

Се задолжува Владата овие заклучоци да ги вгради во отварачката изјава на Република Северна Македонија на првата меѓувладина конференција со ЕУ. Се задолжува Владата редовно и континуирано да го информира Собранието за текот на пристапните преговори вклучително и процесот на скрининг како прва отворачка фаза на преговорите како и за одвивање на меѓувладините конференции за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. (С.К.)

 

Заклучоци јован митрески СДСМ француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.