НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Емоции во Италија и Еврозоната: Адио Марио Драги

0
By Соња Крамарска on July 21, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Марио Драги денес поднесе оставка како италијански премиер, внесувајќи ја земјата во повеќемесечни превирања и ослабувајќи го лидерството на Европа во критичен момент.

Кабинетот на претседателот Серџо Матарела ја објави веста откако двајцата се сретнаа во претседателската палата. Одлуката на Драги да поднесе оставка дојде откако тој не ја доби поддршката од неговите коалициски партнери при гласањето за доверба во парламентот. Сега се очекува да се одржат предвремени избори наесен.

Во емотивните сцени во парламентот денеска, Драги изјави пред Долниот дом дека ќе поднесе оставка. Тој беше дочекан со долг аплауз од некои во комората, кои станаа на нозе. „Благодарам“, рече тој како одговор. „Дури и централните банкари имаат срце“.

Заминувањето на 74-годишниот Драги, поранешен претседател на Европската централна банка, ја лишува Италија од авторитетен лидер на прагот на невидена енергетска и животна криза и со војна на прагот на Европа.

Тоа ја означува кулминацијата на неколкунеделните тензии во италијанската разединета коалиција, која Драги се обиде да ја води како влада на национално единство. Откако минатата недела ја загуби поддршката од популистичкото Движење 5 ѕвезди, вчера премиерот ја загуби поддршката од десничарските партии во неговиот сојуз – Форца Италија на Силвио Берлускони и Лигата на Матео Салвини.

Фаворит за преземање на премиерската функција ќе биде Џорџија Мелони, лидерка на партијата „Браќа на Италија“, која ја поздрави можноста за нови избори. „Со оставката на Драги, овој законодавен дом заврши за Браќата на Италија“, напиша таа на Твитер. „Ние ќе се бориме да му го вратиме на италијанскиот народ она што го имаат граѓаните на сите други демократии: слободата да изберат кој ќе ги застапува“.

Повлекувањето на премиерот Марио Драги ја остава ЕУ без еден од нејзините најискусни лидери и експертски гигант на европската економија во многу тешко време за блокот.

Колапсот на коалицијата на Драги, исто така, ќе го искомплицира донесувањето на одлуките на Европската централна банка, од која се очекува денес да објави зголемување на стапката и нова „алатка“ дизајнирана да го стабилизира државниот долг на еврозоната.

Со војната и енергетската криза кои ги зголемуваат стравувањата од европска рецесија, отсуството на експертизата на Драги во ЕУ, исто така, ќе биде удар за лидерството на Унијата, токму кога тоа е најпотребно. (Р.Н.)

Италија Марио Драги оставка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.