Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавров во убедувачка мисија да ја придобие Африка на страната на Русија

0
By Соња Крамарска on July 24, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 24, 2022 21:18

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во дипломатска офанзива во Египет, ги отфрли тврдењата дека Москва ја предизвикала глобалната криза со храна.

Во говорот пред амбасадорите на Арапската лига во Каиро, тој рече дека западните земји ја искривуваат вистината за влијанието на санкциите врз глобалната безбедност на храната.

Тој ги обвини западните земји дека се обидуваат да ја наметнат својата доминација над другите.

Голем дел од арапскиот свет и Африка се тешко погодени од недостигот на жито предизвикан од руската војна во Украина.

Договорот склучен дури оваа недела за обновување на извозот на жито од Украина виси на конец откако Русија вчера го бомбардираше пристаништето Одеса.

Лавров ќе посети три африкански држави за да собере поддршка за Москва.

Лавров рече дека „агресивноста“ на западните нации во воведувањето санкции кон Русија укажува на еден едноставен заклучок: „Не се работи за Украина, туку за иднината на светскиот поредок“.

„Тие велат дека сите мора да поддржат светски поредок заснован на правила, а правилата се напишани во зависност од тоа каква конкретна ситуација Западот сака да реши во своја полза“, рече Лавров.

По средбата со министерот за надворешни работи на Египет Самех Шукри, Лавров на заедничка прес-конференција рече дека Западот го продолжува конфликтот иако му е јасно „каков ќе биде крајот“.

Во статијата што ја напиша во локален медиум, Лавров ги отфрли обвинувањата дека Русија „извезува глад“ и ја обвини западната пропаганда.

Тој додаде дека западните санкции наметнати на Русија ги влошиле „негативните тенденции“ на меѓународниот пазар на храна што ги предизвика пандемијата на коронавирус.

Сергеј Лавров се обидува да ги убеди африканските земји дека е подобро да застанат на страната на Русија отколку на Западот – користејќи фрази како „ние ќе ви помогнеме да го завршите процесот на деколонизација“.

Но, во поголемиот дел од африканскиот континент е јасно дека постои неподготвеност да се заземе страна во врска со војната во Украина. Студената војна имаше разорно влијание, поттикна конфликти во Африка и го запре развојот.

Во моментов, најголема загриженост е галопирачката цена на храна и гориво. Повеќе од 40 отсто од африканската пченица доаѓа од Русија и Украина. (Од новинските агенции)

Африка Египет Сергеј Лавров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.