Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Завршени се 36 проекти од ТАВ програмата, реализирани над 15 милиони евра во општините

0
By Соња Крамарска on September 7, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 7, 2022 15:39

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и генералниот директор на ТАВ, Метин Батак извршија увид на работата на започнатите работи на –  Регулација на поројот Св. Илија до улив во река Водочница во Струмица, проект што се реализира преку ТАВ програмата.

Градоначалникот Костадинов истакна дека овој проект е одличен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт и општествено одговорните инвеститори, а во интерес на решавање на проблемите со кои што се соочуваат граѓаните.

„Со добиените средства во износ од 1,4 милиони евра (86.700.000 денари) од програмата на ТАВ, уредуваме 2.300 метри од вкупната должина на поројот којашто изнесува 2.800 метри. Досега се реализирани 65 проценти од армирано – бетонските работи или во должина од 1.800 метри и 30 проценти од камената облога на коритото или во должина од 850 метри. Уредувањето треба да обезбеди стабилизација на коритото и бреговите на поројот, подобрување на заштитата од големи води и подобрување на еколошките и естетските аспекти на околниот терен“, изјави Костадинов.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека пред една година беа потпишани 94 договори за реализација на инфраструктурни проекти во сите плански региони или во 75 општини низ целата земја, во вредност од 49,7 милиони евра.

Дополнувајќи дека досега проектите имаат одлична реализација и сите се во временските рокови на планирана изведба.

„Денеска, по една година, веќе комплетно се завршени 36 инфраструктурни проекти или реализирани се над 15 милиони евра од планираните средства, а останатите проекти, како овој, се во тек и нивната реализација се очекува да биде во планираниот рок, односно до крајот на 2023 година и ова е одлична реализација! Горди на зајакнувањето на инфраструктурата на локално ниво, за сите граѓани низ целата земја“, изјави Битиќи.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак рече дека со овој проект ќе се спречат поплави при поројни дождови, бидејќи неговата улога е дренажа на атмосферските води.

„Половина од работата е завршена, а останатиот дел од речното корито долго 2 километри ќе биде готов до предвидениот рок. Веруваме дека оваа инвестиција ќе придонесе за подобрување на квалитетот на граѓаните на Струмица, како впрочем и сите 94 инфраструктурни проекти на општините и Владата финансирани од ТАВ со вкупна вредност од 49,7 милиони евра”, дополни директорот Батак.

Костадин Костадинов Струмица ТАВ проекти Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.