НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Театарските уметници од Северна Македонија, Србија и Албанија стануваат дел од „Отворен Балкан“

0
By Соња Крамарска on September 28, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија денеска во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, јавија белградските медиуми.

Договорот, што беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан“ во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гончиќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје Васо Ристов и Абигајла Воштина од Народен театар за опера и балет од Тирана, а дополнително ќе го потпише и претставничката на Македонскиот народен театар Симона Угриновска.

Во Охрид ја претставивме идејата за можност за заедничка соработка на културно ниво, на ниво на размена меѓу Тирана, Скопје и Белград и дојдовме до идеја за формирање „Отворен балкански театарски фестивал“, што всушност ќе вклучи размена на искуства, педагози, уметници и изведби, истакна Гончиќ по потпишувањето.

Тој додаде „документот беше потпишан по разговорите во Белград каде претставниците на националните куќи се договорија, се согласија и го зацртаа основниот пат на еден ваков фестивал“.

Фестивалот се роди со идејата дека треба да ја отвориме вратата кон иднината, особено на младите и да започнеме нов концепт и свет. Поминавме многу време разговарајќи на таа тема, и официјалното потпишување на договорот формално означи нов почеток, рече Гончиќ.

Изразувајќи надеж дека фестивалот „ќе има позитивно влијание и врз публиката и врз самите творци“, Гончиќ истакна дека во следните неколку месеци ќе се направат подготовки за практично да се спроведе договорот.

Драго ми е што досега имавме одлична соработка како две земји, но Отворениот балкански театар е шанса уште повеќе да се зближиме, да соработуваме и да си помагаме како институции, изјави Васо Ристов, директорот на Националната опера и балет на Северна Македонија.

отворен балкан театарски уметници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.