НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неизвесноста на светскиот пазар не го запре развојот на ОДВ ЕЛЕКТРИК, продолжуваат инвестициите во опрема и работна сила

0
By Соња Крамарска on September 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време на голема економска и енергетска криза која станува се понеизвесна и подлабока поради актуелните случувања во светот, а пред се поради војната во Украина, што сериозно се одразува и на стопанството во Македонија, постојат компании кои храбро се носат со предизвиците. Таков пример е фабриката на ОДВ ЕЛЕКТРИК во ТИРЗ Струга, која не застанува со инвестициските вложувања во опрема, технологија и кадар.

Во месец август ОДВ ЕЛЕКТРИК инвестираше во фото-напонска централа со максимална инсталирана моќност од 400 kWp.

„Целта е да се ублажат ефектите од ценовниот шок на пазарот на електрична енергија“, велат од компанијата.

Компанијата останува фокусирана на лојалната работна сила која што долго време е во фирмата, преку политика на унапредување и градење на раководниот тим со помош на сопствени кадри.

Од 1 ноември следи покачување на платите за 10 проценти, што, како што истакнуват од ОДВ ЕЛЕКТРИК, треба да придонесе за намалување на ефектите од зголемувањето на цените на основните прехранбени производи.

За 8 години постоење, бројот на вработени во ОДВ ЕЛЕКТРИК достигна 850, а подолго време компанијата има отворен конкурс за вработување на сите профили, особено инженерски кадар.

Вкупните инвестиции на ОДВ во фабриката во ТИРЗ Струга која се протега на површина од 9.300 м², надминаа 20 милиони евра. Компанијата инвестира во современа, софистицирана опрема, машини, постројки и производни линии со голем степен на автоматизација.

Тука се префрлени повеќе линии од фабриката на ОДВ ЕЛЕКТРИК од Украина, со цел да се намали ризикот во работењето и да се зголеми сигурноста на клиентите, посочуват од компанијата.

ОДВ ЕЛЕКТРИК во Македонија е присутен од 2014 година. Компанијата произведува кабли за автомобилската индустрија што се вградуваат во сигурносните појаси на возилата, како и кабли со вградени термални елементи, за греење на ветробранското стакло.

Извор: OhridNews

ОДВ ЕЛЕКТРИК Струга ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.