НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холштајн за Цивил Медиа: Може да се сруши систем и да се ослободи патот за демократијата и слободата без насилство

0
By Xhabir Deralla on October 2, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денот на германското единство не е само многу важен историски датум за Германија, туку и за целиот свет. Германското единство ја симболизира демократската преобразба на Европа и заложбите за општество на еднакви граѓанки и граѓани, во кое се почитуваат човековите права и слободи. Ова е една од темите за кои Цивил Медиа направи интервју со Амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Н. Е. Анке Холштајн.

Лично за Амбасадорката Холштајн, германското обединување пред 32 години е посебен настан.

„За мене германското повторно обединување е нешто посебно. Јас сум родена и порасната во ГДР, мојот сопруг исто така, и ние сме дел од оние кои излегоа на улиците во Лајпциг за да бараат слобода и демократија. Без падот на Ѕидот јас никогаш не би станала германска дипломатка и денес не би седела тука“ – се сеќава Холштајн.

Според Амбасадорката Холштајн, германското обединување е пример како може да се надминат длабоките јазови и да се сруши систем без насилство.

„Храброста на граѓаните и граѓанките на ГДР покажа дека длабоки јазови може да се надминат и без насилство, дека може да се сруши систем и да се ослободи патот за демократијата и слободата. Но, без поддршката на нашите партнери, нашите пријатели во светот, кои веруваа во мирниот и демократски развој на повторно обединета Германија во Европа сето тоа немаше да биде можно“ – изјави германската амбасадорка во интервјуто за Цивил Медиа.

Во интервјуто, меѓу другото, се говори и за руската воена агресија против Украина и улогата на Германија и Северна Македонија, за ЕУ интеграциите и целосната германска поддршка, како и за регионалната соработка и Берлинскиот процес.

Интервјуто во целост ќе биде објавено в понеделник, 3 октомври, Денот на германското единство.

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Преземањето на оваа содржина е слободно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (извор и линк).

(ВИДЕО) Холштајн: Северна Македонија може да се потпре на поддршката од Германија во ЕУ процесот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.