Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенција за бегалци на ОН: Пронајдени 92 голи лица на грчко-турската граница

0
By Нова ТВ on October 17, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фотографија од дел на пронајдените мигранти споделена од грчкиот министер за миграција на Твитер
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 17, 2022 10:07

Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации соопшти дека се потресени од откритието на речиси 100 голи мажи на границата помеѓу Грција и Турција.

Како што извести Би-би-си, грчката полиција спасила 92 лица во петокот во близина на нивната северна граница со Турција. Лицата биле откриени голи, а некои од нив имале и повреди. Според нивната истрага и претставници на граничната служба на ЕУ – Фронтекс, нашле докази дека мигрантите ја преминале реката Еврос кон грчка територија со гумен чамец од Турција. Од полицијата додале и дека на луѓето веднаш им била дадена облека, храна и прва помош.

Засега не е познато како луѓето останале без облеката.

Грција ја обвини Турција, посочувајќи дека ваквиот однос е „срам за цивилизацијата“. Турција, во меѓувреме, ги нарече овие обвинувања „лажни вести“ и ги обвини грчките власти за „сурово однесување“.

Агенцијата на ОН повика на истрага и додаде дека се „длабоко потресени од шокантните извештаи и фотографии“.

Од Фронтекс соопштија дека мажите биле претежно од Авганистан и Сирија, а службеникот за човекови права на организацијата добил информации за потенцијални прекршувања на нивните права.

Грција се наоѓаше на фронтот на европската бегалска криза во 2015 и 2016 година, кога околу милион бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан бегајќи од војни пристигаа во земјата, најчесто преку Турција. Оттогаш бројот на пристигнати бегалци и мигранти е драстично намален, но грчките власти тврдат дека во последниот период забележале зголемен број обиди за влез во нивните острови преку Турција.

Грција Мигранти Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.