Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Контактите на Мицкоски кои требаше да обезбедат ефтини енергенси за Македонија не доставила понуда до Владата

0
By Соња Крамарска on October 17, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 17, 2022 19:27

Компанијата која требало да обезбеди природен гас за земјава по поефтина цена, за која опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во неколку наврати зборуваше на прес-конференција била извесната ПГО со седиште во Швајцарија, се дознава од извори кои учествувале на состанок со претставници на компанијата.

Од компаниите кои што ги посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како негови контакти кои што можат да помогнат во надминување на енергетската криза, односно за снабдување на природен гас и мазут, до денеска нема никаков одговор велат изворите иако во изминатиот период бил остварен контакт со посочените фирми, но ниту во Министерството за економија, ниту во ЕСМ, немаат добиено каква конкретна понуда освен општ предлог договор во кој не стои ниту една од клаузулите кои се вообичаени за енергетски договори.

Според  порталот Независен, во регистерот на компании во Швајцарија, компанија со ваков назив е регистрирана во кантонот Цирих, каде што стои дека нејзина дејност е трговија со нафта и нафтени деривати.
Познавачите на приликите кај нас, пак, велат дека таа компанија не е непозната во овдешните кругови, бидејќи и во минатите години се нудела за снабдување со енергенти, информира порталот.

Инаку, на состанокот во Белград од македонска страна биле министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и советникот за енергетика во Владата, Васко Андонов. Од страна на ПГО присуствувале двајца претставници, едниот државјанин на Република Србија, а другиот на Босна и Херцеговина, кои што имале фирма регистрирано во Швајцарија и кои што информирале дека може да се обиде да обезбеди руски гас.

На состанокот, како што велат извори од Владата, било презентирано кои се условите согласно нашиот закон, банкарски гаранции, количества, место на испорака, како и дека било која фирма треба да достави понуда до ЕСМ како компанија задолжена за купување енергенти.
„До ден денешен, таква понуда не е доставена. Ниту за гас, ниту за мазут, ниту за било што друго“, велат извори во Владата.

Од ЕСМ велат дека до сега со посочената компанија немале ниту контактни, ниту било каква соработка и дека фирма со такво име не им била позната.
На средбата од страна на претставниците на ПГО бил доставен договор за соработка, кој што не предвидувал права и обврски и во кој што не биле посочени количествата кои што ЕСМ ги побарува за периодот од ноември годинава до 30 април, ниту пак, била презентирана било каква цена.

„Доставија стандарден предлог договор за соработка, во кој што се ставаат само генералии“, велат соговорници од компанијата. „Сѐ уште немаме добиено потврда дали количествата кои што ги побаравме, месечни и шестмесечни, односно за целиот период, околу 230 милиони нормални метри кубни, можат да ги испорачаат, како прво, и како второ, да дадат цена и дали таа цена ќе биде фиксна или варијабилна“, додаваат соговорниците.

Тие прецизираат дека дури по добивањето на таквата понуда ќе може да се разговара во компанијата, на ниво на управен и надзорен одбор, како и да се побара мислење од Владата.
Што се однесува до мазутот, сѐ уште нема никаков контакт од фирмата ниту пак има било каков документ, велат истите извори, кои додаваат дека на средбата бил претставник од компанија од Босна и Херцеговина, поточно од Република Српска.

Во меѓувреме, како што посочуваат од ЕСМ, се следи процесот на испорака на природен гас, пред се количествата за ноември, а потоа и за следните месеци.

„Денеска имавме разговор со домашната компанија ‘Макпетрол’, очекуваме во текот на утрешниот ден да достават понуда. Но, исто така чекаме две до три компании кои исто така се понудија дека можат да обезбедат природен гас, две се обратија директно до ЕСМ и една до Министерството за економија“, велат соговорниците.

Од ЕСМ додаваат дека во текот на оваа недела може да се очекува нешто поконкретно околу снабдувањето со природен гас, односно да се обезбеди гасот за работа на топланите, но и за можно вклучување на процесот на работа на ТЕ-ТО, која се уште нема обезбедено гас за работа. Оваа когенеративна централа во овој период не работи и неизвесно е дали ќе работи и во наредниот период.

Влада ЕСМ поефтини енергенси Христијан Мискоски швајцарска компанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.