НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз шокиран од убиството на 12-годината Лола чие тело е пронајдено во кутија

0
By Соња Крамарска on October 18, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фотографија од несреќното девојче, од Фејсбук
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Парижаните се запрепастени од шокантното убиство на 12-годишна ученичка чие тело беше пронајдено во петокот во контејнер во дворот на нејзината станбена зграда.

Девојчето, по име Лола, го поминало денот нормално на училиште. Нејзиниот татко дигнал тревога кога таа не се вратила дома во попладневните часови.

Подоцна вечерта, во приземјето на зградата беше пронајдена проѕирна пластична кутија во која беше нејзиното тело.

Злосторството се случило во 19-от арондисман на Париз  кој е познат по дрога на улиците и криминал.

Таткото на Лола е вработен како чувар во станбениот блок. Нејзиното тело било пронајдено згмечено во кутијата, и покриено со материјал. Рацете и стапалата и биле врзани а на вратот имала убодни рани. Обдукцијата, сепак, покажа дека таа починала од задушување. На нејзините нозе убиецот напишал два броја „0“ и „1“.

Полицијата го уапси главниот осомничен за убиството – 24-годишна жена родена во Алжир, именувана како Дахбија Б. Жената била видена на безбедносното видео снимено во станбената зграда, на кое се гледа како влегува на главната врата во петокот попладне во друштво на Лола. Подоцна била видена како ја напушта зградата како влече куфер, а потоа и како се тетерави на улицата.

Сепак, полицијата вели дека не верува дека станува збор за сериозна трага по можниот извршител на злосторството.

Во притвор е и 43-годишен маж за кој се верува дека ги превезувал Дахбија Б. и куферот во неговиот автомобил. Полицијата смета дека, откако тој ја возел низ париските предградија, Дахбија Б. се вратила во станбената зграда – каде што живее и нејзината сестра. Таму двете сестри имале караница, пред Дахбија Б. повторно да замине – овој пат без куферот.

Полицијата отвори истрага за убиство на малолетно лице придружено со тортура и варварство.

Во училиштето на Лола, децата и родителите се потресени. Училиштето вчера го посетија министерот за образование Пап Ндијаје и градоначалничката на Париз, Ан Идалго, а тимови за психолошка поддршка ги утешат учениците.

Брижит Макрон, сопруга на претседателот, рече дека тоа е „апсолутно одвратна и неподнослива трагедија“.

Извор: Би-Би-Си

Лола Париз убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.