НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демократскиот сојуз на Косово нема да оди на средбата на Курти со опозициските лидери

0
By Ана Василевска on October 20, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ја одби поканата на премиерот Албин Курти за средба со лидерите на опозициските партии, што треба да се одржи утре, јави дописникот на МИА од Приштина.

Иако кабинетот на Курти, кој информира за поканата упатена до ЛДК, Демократската партија на Косово (ПДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК), не објави која е темата за која би се разговарало на средбата, извесно е дека е во прашање агендата на преговорите со Србија, со оглед дека тоа беше главна тема на вчерашната средба на Курти со специјалниот пратеник на САД за косовско-српскиот дијалог, Габриел Ескобар.

Портпаролката на ЛДК, Сибел Халими изјави за порталот „Газета експрес“ дека Курти за тоа прашање треба да реферира во републичкото Собрание.

„За темата на дијалогот премиерот Курти треба да реферира единствено во Собранието на Косово. Таму ЛДК повторно ќе ги нагласи и своите ставови. За ова лидерите се согласија и на претходната средба“, изјави Халими.

Таа вели дека, за ЛДК, „финалниот договор со Србија треба да биде само околу меѓусебното признавање“.

„Во тој договор за меѓусебно признавање, за уставниот поредок, за територијалниот интегритет и за суверенитетот на државата не може да се преговара“, изјави Халими.

Од ААК вчера соопштија дека нивниот лидер, Рамуш Харадинај ќе оди на средбата со Курти, додека од ПДК изјавија дека за учеството на лидерот  Мемли Красниќи на таа средба ќе одлучат откако ќе добијат повеќе детали од кабинетот на премиерот. 

Албин Курти Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.