Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз Украина

0
By Ана Василевска on October 22, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 22, 2022 12:59

Украинскиот премиер Денис Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз цивилната инфраструктура на неговата земја.

Шмигал, кој в понеделник треба да учествува на германско-украинскиот економски форум во Берлин, ја обвини Москва дека сака да предизвика „хуманитарна катастрофа во Украина“, се вели во делови од неговото интервју за неделното издание на германскиот весник Фракфутер Алгемајне Цајтунг чии делови беа испратени до медиумите пред објавувањето.

„Ако нема струја или вода во Украина, тоа може да предизвика ново мигрантско цунами“, рече тој.

Тој предупреди дека Русија сака да приреди на Украина студена зима во која луѓето буквално би можеле да умрат од студ, што може да доведе до планирана хуманитарна катастрофа каква што Европа не видела од Втората светска војна.

Шмигал рече дека в понеделник во Берлин ќе има средба со канцеларот Олаф Шолц и дека заедно со него ќе учествува на економски форум на кој ќе учествуваат претставници на германски и украински компании. Шмигал, исто така, побара од Берлин да и достави нова муниција на Украина во наредните денови.

Според него, намерата е да се користат руските средства замрзнати во странство за обнова на Украина. Тој посочи дека штетата предизвикана од рускиот напад досега се проценува на повеќе од 750 милијарди долари.

Тој рече дека руските средства во вредност од 300 до 500 милијарди долари се замрзнати и дека треба да се развие механизам за конфискација на тие средства.

По германско-украинскиот економски форум в понеделник, на кој преку видеоврска ќе се обрати украинскиот претседател Володимир Зеленски, во вторник во Берлин ќе се одржи меѓународна конференција за обнова на Украина.

Војна во Украина Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.