НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во Црна Гора: Учествуваат околу 100 изборни листи, а се избираат 481 советник

0
By Ана Василевска on October 23, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Црна Гора се одржуваат локални избори, а освен граѓаните на Подгорица, локалната власт ќе ја изберат и граѓаните на Бијело Поље, Бар, Будва, Даниловград, Жабљак, Зета, Колашин, Пљевља, Плав, Плужине, Рожај, Тиват и Шавник.

Право на глас имаат околу 345.000 гласачи, што е околу 64 отсто од вкупното избирачко тело во државата, учествуваат околу 100 изборни листи, а се избираат 481 советник.

Локалните избори се одржуваат во време кога Уставниот суд е блокиран, владата е со технички мандат, а во процедура е и иницијативата за разрешување на Мило Ѓукановиќ од функцијата претседател на Црна Гора.

Изборите во Подгорица и уште 13 општини ќе бидат најголемиот тест за довербата на граѓаните во политичките партии по парламентарните избори во 2020 година, кога се смени власта во Црна Гора.

Во сите градови ќе се натпреваруваат двата политички блока кои со години доминираат во Црна Гора.

На едната страна се партиите кои владееја на државно ниво до изборите во 2020 година, предводени од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ. Во повеќето општини настапуваат коалициски.

На другата страна се победничките партии на изборите во 2020 година, предводени од просрпскиот Демократски фронт (ДФ), Демократите и Граѓанското движење Ура. Тие настапуваат главно разединети.

Главната битка е за Подгорица, со која повеќе од 20 години управува Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ, во чии редови е и актуелниот градоначалник Иван Вуковиќ.

локални избори Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.