НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СПС со пет министри во новата влада, Дачиќ вицепремиер и шеф на дипломатијата

0
By Ана Василевска on October 23, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалициските владејачки партии, Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) денес одржуваат состаноци на претседателствата на своите партии на кои ќе се одредат имињата за министри во новата српска влада на мандатарката Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

По состанокот на претседателството на СПС, оваа партија го прифати договорот со кој лидерот на партијата Ивица Дачиќ го постигна со претседателот на СНС Александар Вучиќ за состав на новата влада.

Според одлуките, во идната српска влада СПС ќе има 5 министерски места и тоа, старо нов министер за образование ќе биде Бранко Ружиќ, Ивица Дачиќ ќе биде министер за надворешни работи и шеф на Бирото за координација на безбедносните служби. Тој ќе биде и прв вицепремиер. Врз основа на договорот со колаицискиот партнер на СПС, Драган Марковиќ Палма, заменик претседателот на Единствена Србија, Раде Баста, инаку актуелен директор на Белградски електрани треба да биде нов министер за економија.

Дачиќ на прес конференцијата рече дека во новата влада СПС ќе има и двајца министри без ресор – Новица Тончев кој ќе биде задолжен за развој на неразвиените општини и Ѓорѓе Милиќевиќ за кого подоцна ќе се договори ресор.

Запрашан дали Душан Бајатовиќ ќе продолжи да биде директор на Србијагас, Дачиќ кажа дека за тоа не било поставено прашање, дека тоа не било тема на разговор, туку дека тоа останува како предлог.

Тој нагласи дека коалицијата на СПС соработува со Вучиќ веќе 10 години и оти смета дека Србија речиси во сите сегменти направила големи чекори кон ЕУ.

„Големата предност на ова време е изразената политичка стабилност, која е предуслов за постигнување на сите цели, а во најдобар интерес на Србија и на српскиот народ е нашата соработка да продолжи и во наредниот период“, рече Дачиќ за соработката со Вучиќ.

Седницата на владејачката СНС сè уште е во тек, а во попладневните часови се очекува лидерот на таа партија да ги соопшти имињата на новите министри, кои ќе го сочинуваат и главниот костур на владата. Како што најави Вучиќ во владата ќе се најдат и имиња од малите коалициски партии на малцинствата, меѓу кои на унгарското, бошњачкото и хрватското малцинство.

Новата влада ќе има 25 министерства, четири повеќе од претходната, а се очекува да биде формирана во текот на следната недела.

Мандатар за состав на новата влада е поранешната премиерка Ана Брнабиќ.

Александар Вучиќ Ивица Дачиќ Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.