Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН: Емисиите „стакленични“ гасови до 2030 година глобално ќе се зголемат за 10,6 проценти

0
By Соња Крамарска on October 26, 2022 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 26, 2022 15:39

Доколку државите ги исполнат своите тековни обврски за справување со климатските промени, глобалните емисии штетни гасови до 2030 година ќе се зголемат за 10,6 насто во однос нивото од 2010 година, се посочува во извештај на Обединетите Нации.

Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН наведува дека емисиите „стакленични“ гасови односно оние што предизвикуваат т.н. „ефект на стаклена градина“ до 2030 година треба да бидат намалени за 43 проценти, за  глобалното затоплување да биде ограничено на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури.

Пред почетокот на Климатскиот самит „COP27“ закажан за 6 ноември во Шарм Ел-Шеик, експертите ја нагласуваат итната потреба од посилен ангажман по однос проблемот.

„На минатогодишната Конференција на ОН за климатски промени што се одржа во Глазгов, сите земји учеснички се согласија за зајакнување на плановите и мерките поврзани со климатските промени. Сепак, разочарувачки е фактот дека од тој состанок се поднесени само 24 нови или ажурирани климатски планови“, вели Сајмон Стил, извршен секретар за климатски промени на ОН.

Тоа се однесува на Боливија, Вануату и Уганда, како и за државите што важат за поголеми емитери на штетни гасови во атмосферата како Индија и Индонезија.

Властите во Индонезија се свесни дека најголем дел од емисиите се предизвикани од уништувањето на шумите или тресетните површини, обврзувајќи се до 2030 година да ги намалат емисиите штетни гасови за најмалку 31,89  проценти.

Несоодветните ветувања го водат светот кон глобално затоплување од 2,5 степени Целзиусови до 2100 година.

Проценките за зголемување на емисиите за 10,6 проценти сепак претставува мал напредок, со оглед на тоа што според минатогодишната проценка на ОН беше предвидено емисиите на штетни гасови до 2030 година да се зголемат за 13,7 проценти.

 

емисии на стакленички гасови извештај на ОН климатски промени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.