НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството го објави договорт со Лаура Ковеши – предвидени се заеднички истражни тимови, брзо изведување пред лицето на правдата, замрзнување на средства

0
By Соња Крамарска on October 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното обвинителство попладнево до медиумите го достави текстот на работниот договор со европскат главна обвинителка Лаура Ковеши во кој на 12 страници детално е разработена соработката меѓу двете институции.

Меѓу другото, се наведува дека договорот има за цел да обезбеди ефикасна истрага и кривично гонење, заштита на финансиските интереси на Европската Унија и на Република Северна Македонија со истражни и обвинителски средства.

Понатаму, предвидена е и меѓусебна соработка  и „без непотребно одложување да се изведат пред лицето на правдата сите осомничени или обвинети дека извршиле кривични дела против буџетот на ЕУ“.

Правосудна соработка и размена на информации, прибирање докази, екстрадиција на лица по кои се трага, и „најширок степен на соработка за собирање докази“, се исто така дел од договорот што го потпишаа Љубомир Јовески и обвинителката Ковеши.

„Страните ќе соработуваат во областа на замрзнување на средствата“, заеднички истражни тимови раководени или во надлежност на Европското обвинителство, се наведува во документот.

Исто така и кога е неопходно Европското обвинителство ако побара екстрадиција на лице по кое што се трага, Европскиот делегиран обвинител кој ќе биде назначен во нашата држава, што постапува по предметот може да побара од Македонија да издаде такво барање.

Македонското обвинителство може да назначи офицер за врска во седиштето на Европското обвинителство во Луксембург, при што домаќините ќе му обезбедат канцеларија, техничка и логистичка опрема.

Европското обвинителство како своја контакт точка во Македонија го назначи Одделението за меѓународна помош во Јавното обвинителство на Северна Македонија.

Двете страни ќе имаат чести состаноци и на високо и на техничко ниво.

На наше барање, како што предвидува договорот, Европското обвинителство може да го поддржи обвинителството на Македонија во неговото функционирање со размена на искуства во водење истраги и кривичен прогон за финансиски криминал и корупција.

Договорот стапил во сила веднаш по неговото потпишување во понеделникот на 24 октомври.

С.К.

Лаура Ковеши Љубомир Јовески работен договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.