Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија ќе ги ограничи цените на струјата: нов обид на Берлин да се спротивстави на економската криза

0
By Соња Крамарска on November 3, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 3, 2022 10:57

Германија се подготвува да воведе ограничување на цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустриските потрошувачи како дел од нејзиниот последен обид да се справи со енергетската криза, објави Ројтерс, цитирајќи нацрт документ на германската влада.

Според извештајот, цената на електричната енергија ќе биде ограничена на 13 евроценти за киловат час за индустриските потрошувачи за 70 отсто од минатогодишната потрошувачка, додека домаќинствата ќе имаат плафон од 40 евроценти за киловат час за 80 отсто користење.

Регулативата треба да стапи во сила од 1 јануари.

Веста уследи по сличната нацрт-регулатива за цените на гасот. Како што објави Ројтерс, германската комисија за гас претстави конечен предлог за ограничување на трошоците на 12 евроценти за киловат-час за 80 отсто од стандардната потрошувачка на домаќинствата и тоа од март 2023 година до крајот на април 2024 година најрано. Ќе бидат ограничени и цените за индустриските потрошувачи – до 7 евроценти за киловат-час. Промените ќе стапат на сила во февруари. Берлин, како што се најавува, ќе донесе дополнителни одлуки за нацрт-регулативата подоцна оваа недела.

Едностраните мерки на Берлин за справување со енергетската криза, почнувајќи со пакетот за спас од 200 милијарди евра, објавен минатиот месец од канцеларот Олаф Шолц, не беа поздравени од остатокот од ЕУ, која повика на поунифициран пристап.

Германија цена на струја и гас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.