НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Се подготвуваме за нови руски напади врз инфраструктурата во Украина

0
By Соња Крамарска on November 8, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: timesofisrael.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано изутринава изјави дека земјата се подготвува за нови руски напади врз нејзината инфраструктура, откако градоначалникот на Киев ги повика граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио.

„Земјата денеска се соочува со недостиг од 32 отсто во предвиденото снабдување со електрична енергија“, рече Сергеј Коваленко, извршен директор на ЈАСНО (YASNO), главниот снабдувач со енергија во Киев. Ова е многу и тоа е виша сила, рече тој.

Во меѓувреме, националните енергетски власти предупредија на планирани исклучувања, но и на можни дополнителни ограничувања во главниот град и регионот околу него, како и во шест други региони во земјата.

Предупредувањата уследија откако градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко  ги повика жителите „да бидат подготвени на сè“, вклучително и најлошото сценарио каде главниот град ги губи струјата и водата.

„Ако имате пошироко семејство… или пријатели надвор од Киев, каде што има автономно снабдување со вода, печка, греење, ве молиме разгледајте ја можноста да останете таму одредено време“, изјави викендов Кличко.

Зеленски во своето ноќно видео обраќање истакна дека 4,5 милиони потрошувачи се веќе без струја.

„Ние исто така дознавме дека терористичката држава концентрира сили и ресурси за можни повторени масовни напади врз нашата инфраструктура“, рече тој. „Пред сè, енергијата. Конкретно, на Русија за тоа и беа потребни иранските ракети. Се подготвуваме за одговор“, додаде украинскиот претседател.

Извор: МИА

Владимир Зеленски Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.