Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фипресци“ и специјална награда за македонско-грчкиот филм „Зад стоговите сено” на 63. Солун филм фест

0
By Ана Василевска on November 14, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Сцена од „Зад стоговите сено“
Сцена од „Зад стоговите сено“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 14, 2022 12:01

Филмот „Зад стоговите сено“ во режија на Асимина Проедроу, снимен во копродукција меѓу Северна Македонија, Грција и Германија доби специјална награда ( Special mention) и наградата Здружението на филмски критичари „Фипресци“ ( The International Federation of Film Critics) на 63. Солун филм фест што се одржа од 3 до 13 ноември. Посебното признание на филмот, како што се вели во образложението на жирито,  му се доделува бидејќи е многу влијателен и се занимава со актуелна и важна тема.

Македонскиот продуцент на овој комплексен филмски проект е  „Сектор Филм“ односно продуцентите Владимир Анастасов и Ангела Несторовска. Главен продуцент на филмот е продуцентската куќа Argonauts Production, а копродуценти покрај Сектор Филм, , се и Fiction Park – Entertainment Halbershmidt Tsika GbR од Германија.

Филмот е награден во селекцијата  „Запознај ги соседите“ која ги вклучува режисерите од поширокиот регион на Југоисточна Европа, Источниот Медитеран и Блискиот Исток, кои учествуваат на фестивалот со својот дебитантски или втор филм. Жирито „Запознај ги соседите“ беше во сострав: Тониа Мишали (режисер, продуцент, Кипар), Ави Нешер (режисер-сценарист, Израел) и Џојс Пиерполин (продуцент-коосновач на Women’s Impact Network, САД).

„Едногласно почувствувавме потреба да специјално да споменеме три филма и да им оддадеме признание. Специјалното признание за филмот „Зад стоговите сено“ е бидејќи сметаме дека е многу влијателен и би сакале да ја оддадеме почит за големата работа на режисерот. Сметаме дека се занимава со важна тема која е исклучително актуелна денес. Силните изведби на актерите имаа одлична резонанца, бидејќи ликовите останаа со нас долго по завршувањето на филмот“, стои во образложението на жирито.“

„Фипресци“ пак ја добива за: Вешто инкорпорирање на сите елементи на природата и цивилизацијата во прикажувањето на лицемерието на општеството и декаденцијата на поединците во време на хуманитарна криза, со што се создава повеќеслоен наратив“.

Филмот е награден и од грчкото здружение на филмски критичари: Поради перцептивноста со која го истражува пејзажот на грчкото село, преку испреплетените грешки и драми на семејството заробени во социјалната, политичката и религиозната мрежа на оваа ентропија.

Снимањето се одвиваше во почетокот на минатата година во Грција и на локации во Дојран и Гевгелија. Дејствието се одвива во 2015 година и го прикажува животот на населението од двете страни на границата.

„Зад стоговите сено“ е поддржан од Грчкиот филмски центар,  Агенцијата за филм на Република Северна  Македонија, а финансиска поддршка доби и од Еуримаж (Европски фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела).

(А.В)

 

Агенција за филм Македонски филмови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.