Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски од Белград: Северна Македонија донесе нова стратегија за развој на енергетика базирана на Европскиот зелен договор

0
By Соња Крамарска on November 17, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 17, 2022 13:21

„Северна Македонија донесе нова Стратегија за развој на енергетика до 2040 година која е целосно базирана на Европскиот зелен договор и оваа стратегија веќе ја имплементираме кај нас“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, што се одржува во Белград.

Тој додаде дека во моментот се во фаза на финализирање неколку договори за стратешки инвестиции за инсталиран капацитет од еден гигават, во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, како и комбинирана гасна електрана и тоа со реномирани големи европски компании.

„Нашата иднина во производството на електрична енергија ја гледаме токму во обновливите извори на енергија, како и во обезбедувањето на базна енергија за одржувањето на стабилноста на системот. Ќе ги потенцирам, Ветерниот парк ‘Вирови’, од страна на германската компанија ‘Ви-Пи-Ди’, со инсталиран капацитет од 400 мегавати, потоа најголемата фотонапонска централа во овој дел од Европа, ‘СТИПИОН’ со капацитет од околу 400 мегавати, од реномираната француска компанија ‘Акуо’, како и Митилинеос од Грција со изградба на 150 мегаватна когенеративна гасна електрана во Скопје“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека енергетската транзиција започна со инвестиција во фотонапонската електрана од десет мегавати, сопственост на ЕСМ, која се изгради на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“. Ова е прва во енергетската транзиција од електрана на јаглен во чиста енергија во регионот, а дополнително објавен е јавен повик за изградба на уште 10 мегавати на истото место, во сопственост на ЕСМ.

Ковачевски додаде дека во наредните две години треба да се пуштат во употреба 130 мегавати на фотонапонски електрани по пат на премиуми за кои се потпишани договори изминативе две години, а се издадени и овластувања за изградба на три ветерни електрани со вкупен инсталиран капацитет од 110 мегавати на приватни инвеститори.

„И на крај, за најзначајниот проект ‘Чебрен’, историски проект којшто за прв пат има понуда од изведувач, односно од инвеститор после 13 неуспешни тендери. Доколку се биде според она што е пропишано во документацијата и барањата конечно ќе имаме инвеститор кој ќе може да ја започне изградбата на овој огромен проект“, рече Ковачевски.

Белград Димитар Ковачевски конференција за енергија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.