НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Разговорите со АА продолжуваат, доколку се усогласиме по клучните принципи можно е проширување на владиното мнозинство

0
By Ана Василевска on November 21, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Разговорите со Алијанса за Албанците во контекст на европската иднина на земјата ќе продолжат и доколку се усогласиме по клучните принципи може да се случи проширување на владиното мнозинство, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека се разговара со АА и за нивен евентуален влез во владината коалиција, Ковачевски изјави дека одговорот на Ахмети не се разликува од одговорот кој што тој веќе го дал по средбата во петокот со Таравари.

„Одговорот што го даде претеседателот на ДУИ, Али Ахмети не се разликува многу од одговорот којшто јас го дадов, од причина што јас кажав дека со партијата Алијанса за Албанците особено со нејзиниот вд претседател Арбен Таравари, разговарав за европската иднина на државата и сите одлуки коишто треба да се носат. Исто така, кажав дека нашата владина коалиција е отворена за сите политички партии коишто ја делат таа визија и дополнително кажав дека разговаравме конкретно и за сите оние закони  и реформи коишто се однесуваат на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, и економските политики, односно антикризните мерки за справување со оваа огромна економска и енергетска криза во којашто се наоѓа и земјата и Европа“, рече премиерот Ковачевски. 

Тој при тоа додаде дека не се разговарало конкретно за ресори и оти разговорите ќе продолжат.

„Но, секако дека разговорите ќе продолжат и доколку се усогласиме комплетно на овие основни принципи за иднината на државата, а во тоа не се сомневам, бидејќи Алијанса за Албанците секогаш и во изминатиот период покажа дека ги поддржуваше сите одлуки коишто се однесуваат за европската иднина на државата, така и другите законски решенија што беа предложени, сметам дека во иднина доколку разговорите продолжат во добра волја и во позитивен дух како до сега, може да се случи и проширување на владиното мнозинство“, подвлече Ковачевски.  

Во контекст на изјавата на Таравари дека АА во овие разговори има свои црвени линии, и дали тие се пречка за да продолжат консултациите, Ковачевски рече дека во секои разговори и преговори, нормално е секој од учесниците да има минимум услови кои мора да бидат исполнети.

За тоа дали разговарале со коалицискиот партнер Алтернатива според која владиното мнозинство е стабилно и нема потреба од негово проширување, Ковачевски се согласи дека Владата е стабилна, со 64 пратеници што се потврдило со изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа и на двајцата уставни судии. Кажа дека со дел од коалициските партнери, секојдневно комуницира на одреден распоред, како и со министрите од Алтернатива, но дека се уште тоа не било тема на разговор со нив.

„Не сме разговарале, меѓутоа мислам дека доколку сите сме определени за продолжување непречено на патот на државата во европските интеграции, тогаш мислам дека лесно ќе ги постигнеме сите согласности“, смета Ковачевски.

Али Ахмети Алијанса за Албанците Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.