Најнепријатното изненадување од почетокот на Мундијалот го направија фудбалерите на Аргентина, со поразот од Саудиска Арабија на стартот на Мундијалот (2:1). Пресвртот на Саудијците може скапо да ги чини „гаучосите“ во последната пресметка.
Голема одговорност за дебаклот има тренерот Лионел Скалони, поради тактиката, но и стартната постава која ја донесе на теренот.
Речиси од почетокот на натпреварот, и покрај воведното водство, по реализираниот пенал на Лионел Меси, ништо во играта на Аргентина не функционираше, особено во вториот дел, во кој беа исфрлени од подобриот ривал.
„Тешко е да се прифати фактот дека за четири-пет минути ни дадоа два гола од единствените удари што ги упатија во целиот натпревар. Но, немаме друг избор освен да се издигнеме. Немаме што да анализираме, мора да победиме во следните два натпревари. Денеска е тажен ден, но ние ја креваме главата и продолжуваме понатаму“, изјави Скалони по депресивниот исход на мечот со Саудиска Арабија.
Аргентина во продолжението на Мундијалот ќе игра против Полска и Мексико.
Саудијците играа на тој начин што главно беа тим кој сакаше да се надигрува себеси. Со висока одбрана ги фатија Меси и соиграчите во офсајд замки дури во десет ситуации.
„Знаевме како играат, се подготвувавме за дефанзивно добар тим, но офсајдите беа милиметри. Тоа е нова технологија, во друго време веројатно ќе беа голови… Мислам дека бевме подобри во првото полувреме, но на полувремето реков дека играта е чудна и дека еден гол може да смени се. Така се случи, не врзаа и веќе во следниот напад беше 2:1“, рече Скалони.
Селекторот не сакал да ја подгрева нервозата кај играчите во соблекувалната после мечот и решил да ги остави да се смират и да го одложи разговорот за поповолно време.
„Тие се разочарани и се уште размислуваат за негативниот резултат, но ние можеме да ја промениме ситуацијата во наша корист. Важно е да победиме на следните два натпревари, тоа е суштината“, изјави тој.