Во продолжение погледнете неколку фотографии од денешниот протест во Скопје на приватните автобуски превозници кои се дел од „Слобода Превоз“.
Превозниците го изразија незадоволството од неплатениот долг што го има кон нив Јавното сообраќајно претпријатие.
Во меѓувреме, поради наводни неисполнувања на договорот, Град Скопје го раскина договорот со „Слобода Превоз“ и ги повика на склучување на поединечни договори.
За разлика од понеделничкиот протест кога ја блокираа крстосницата крај „Мавровка“, денешниот протест се одвиваше на булеварот „Илинденска“ кој минува покрај скопското градско раководство.
Денешниот протест не беше со интензитет како во понеделникот и не предизвика позначајни проблеми во градскиот сообраќај.