Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Ќе ги поддржиме уставните измени и ако не влеземе во Владата

0
By Соња Крамарска on December 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 2, 2022 16:27

В.д. претседателот на Алијансата за Албанците (АА) Арбен Таравари денеска изјави дека во моментов нема преговори на неговата партија да стане дел од Владата. Сепак, неговата партија, како што рече Таравари, ќе ги поддржи уставните измени и како опозиција со цел да бидат Бугарите дел од Уставот.

„Нема преговори, ако има ќе излеземе пред вас и ќе кажеме се што има. Ние ќе ги поддржиме уставните промени за вметнување на бугарскиот етникум во Македонија во Преамбулата, без разлика дали ќе бидеме дел од Владата или ќе бидеме опозиција“, изјави денес Таравари.

Тој додаде дека вршат комплетна реорганизација на партијата. „Ќе бидеме конструктивна опозиција, нема ништо да смениме во политиката, рече тој пред партиското седиште каде денеска ја поднесе кандидатура за претседател на партијата.

Новинарите побараа коментар од Таравари за изјавата на претставник на партијата Алтернатива дека Алијанса за Албанците ќе биде „резервна гума” на ДУИ ако биде дел од Владата.

„Ние не сме резервна гума на ДУИ. Некој е во Владата таму гума, само не би сакал да коментирам понатаму“, рече Таравари.

На прашањето дали ќе ги поддржат уставните измени и воедно дали ќе инсистираат да се тргне одредницата 20 отсто за албанскиот јазик, Таравари одговори дека се надева на почит од останатите партии по тоа прашање.

„Нашата идеја била и продолжува да биде дека треба да се тргне тоа и да се стави албански јазик. Ние очекуваме македонските партии да покажат почит спрема нас. И тоа да го спроведеме и тоа да биде дел од Уставот.  Ја мислам дека 20 проценти ќе помине и сум оптимист и очекувам почит пред се од македонските партии, официјалниот јазик да не се нарекува јазик на 20 посто туку албански јазик. Се надевам дека ќе помине тоа“, посочи Таравари.

Тој денеска поднесе кандидатура за претседател на партијата. Вели дека е можно да има противкандидати со оглед дека утре е крајниот рок за доставување кандидатури, две недели пред одржување на партискиот конгрес.

Таравари рече дека вчера почнал со собирање поптиси и, според информациите што ги има, веќе се собрани околу 2 000, а потребни се 400.

Тој потврди и дека АА не договара, ниту нешто договорила со Владата.

Според него, тенденцијата на Алијанса е на следните избори да ја направи долгоочекуваната промена кај албанскот блок.

„Нашите тенденции се следните избори да ја направиме долгоочекуваната промена кај албанскот блок. Албанците во земјава заслужуваат по 20-годишно владеење некој да ја смени ДУИ, а никој друг освен Алијанса за Албанците нема капацитет тоа да го направи. Се надевам дека ќе го постигнеме тоа“, истакна Таравари. „Алијанса е столбот на опозиционерството на албанските партии, и по рејтинзи и по сите анализи стоиме убедливо најдобро и се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе ја донесат таа промена“.

 

Алијанса за Албанците Арбен Таравари Влада ДУИ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.