НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбициозно дизајниран буџет за заштита на граѓаните од последиците од кризата и за одржлив раст на економијата

0
By Соња Крамарска on December 5, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Зоран Бојаровски

Буџетот не се само бројки на хартија. „Преведени“ тие бројки ги претставуваат вредностите кои во наредниот период ќе се аплиицираат низ политиките на актуелната политичка власт во земјата.

Она што е новина е што Буџетот 2023 е прв од реформираниот Закон за буџет со кој се најавени крупни промени во управувањето со јавните финансии, односно со парите на граѓаните. Поточно и поконкретно, Буџетот 2023 е официјално првиот среднорочен буџет кој ја утврдува рамката за пошироката слика  во која се „насликани“ актуелните и претстојните предизвици за македонската економија, како и за остварување на целите кои Владата се амбицира да ги оствари на среден рок.

Дека да биде лесно говори и самиот факт дека 2023 е трета година за којашто се креира буџет во услови на глобална економска криза. Во такви услови се чини дека е реално проектиран економскиот раст во наредната година на 2,9% којшто ќе треба да ги издржи притисоците на инфлацијата која што Министерството за финансии на годишно ниво реално ја предвидува со стапка од 7,1% заради цените не енергенсите и храната на меѓународните пазари.

Сепак, среднорочните проекции коишто се изведуваат од нормализацијата на глобалните движења и растот на економската активност кај нашите главни трговски партнери, како и од очекувањата на економските политики и мерки преточени во Планoт за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзан економски раст, најавуваат двојно поголем економскиот раст со просечна стапка од 4,6% во периодот 2023-2027 со проценки дека во 2025 година растот ќе достигне 5%.

Факторите за овој очекуван стабилен економски раст Владата ги гледа во макроекономската стабиност, во фискалната консолидација и во капиталните инвестиции.

Првата грижа за Владата и за Министерството за финансии, како што покажуваат и бројките во Буџетот за 2023, ќе биде да се надминат предизвиците што ќе ги донесе наредната година којашто низ којашто уште ќе се „влечат“ последиците од кризата.  За соочување со тој предизвик се издвоени средства во износ од 250 милиони евра за поддршка за надминување на кризата.

Искуствата и од справувањето со ковид-19 кризата и со енергетско-економската се пресликуваат и во буџетот за 2023 година. Освен во мерките за економска одржливост и раст во кризни услови, најголем дел од средствата се насочуваат кон човечкиот и општествениот развој.

Токму затоа, за социјалните трансфери се планирани 75 милијарди денари, односно 1,2 милијарди евра, за исплата на пензии, односно за околу 10% повеќе, или 120 милиони евра, во однос на годинава, со цел да се обезбедат средства за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и со трошоците за живот, по систем 50% од просечната плата и 50% од висината на трошоците за живот.

Предвидени се и 12,5 милијарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани. Исто така, по 1,5 милијарди денари се планирани за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност и за активни мерки за вработување, што е сосема логичен одговор заради потенцијалните закани од кризата.

Во здравството се планирани 63 милиони евра повеќе во однос на 2022 година, односно вкупно 685 милиони евра, за финансирање на здравствените услуги за граѓаните и за исплата на обврските на јавните здравствени установи.

Во буџет 2023 предвидени се средства во висина од 433,9 милиони евра за поддршка на општините. Ова се значително зголемени трансфери до единиците за локална самоуправа, согласно реформата за фискалната децентрализација со која приходите од ДДВ што се распределуваат на општините се зголемени од 4,5% на 5,5%.

Повисоките средства за општините се особено значајни и заради децентрализацијата на социјалните услуги кон граѓаните кои со реформата на социјалната заштита ја преземаат надлежноста за нивно испорачување кон граѓаните за што е предвидени дополнителна фиинансиска поддршка.

Делот од буџетот за општините ќе ја обезбеди и непречената исплата на зголемените плати за 15% во основното и средното образование на локално ниво и како и повисоките плати за 15% за воспитувачи и негувателки во детските градинки.

Ставката за капитални инвестиции за 2023 година е повисока за 52,3% во однос на оваа тековна година, и со 800 милиони евра Владата и Министерството за финансии ја спроведуваат декларираната определба капиталните расходи да бидат повисоки од буџетскиот дефицит. Преведено тоа значи дека ќе се позајмува само за проекти коишто ќе дадат додадена вредност во економијата, ќе го забрзаат растот и придонесат за подобрување на животот на нашите граѓани.

Планирано е интензивирање на инфраструктурните проекти, односно инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

За приоритетите на Северна Македонија, на Владата и на граѓаните, како што е преговарачкиот процес со ЕУ, исто така се предвидени повеќе средства во Буџетот за 2023 година, а еден дел од тие пари ќе биде насочен и за реализација на препораките за усогласување со европското законодавство утврдени со Европската Комисија, а кои произлегоа од Извештајот за напредокот на земјата во 2022 година.

извор: Цивил Медиа

буџет 2023 Влада Министерство за финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.