Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија, Италија и Јапонија се здружуваат да прават нов борбен авион

0
By Соња Крамарска on December 9, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Слободна компјутерска симулација како авинот би изгледал во лет. Фото кредит: Би-Би-Си
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 9, 2022 14:06

Британскиот премиер Риши Сунак најави соработка меѓу Велика Британија, Италија и Јапонија за развој на нов борбен авион кој користи вештачка интелигенција. Премиерот вели дека заедничкото вложување има за цел да создаде илјадници работни места во Велика Британија и да ги зајакне безбедносните врски.

Трите држави ќе развијат ловец од следната генерација – кој треба да стапи во употреба во средината на 2030-тите – и ќе го замени авионот Тајфун.

Сунак рече дека партнерството „ќе ја чува земјата безбедна од новите закани со кои се соочуваме“, денеска при посетата на базата на Кралската воена авијација. „Ние сме една од ретките земји во светот што има способност да изгради технолошки напредни борбени авиони“, изјави тој.

Работата на развивањето на новото борбено летало е веќе во тек – со цел да се создаде борбен авион кој ќе се движи со молскавична брзина, ќе користи напредни сензори, па дури и вештачка интелигенција за да му помага на пилотот кога е преоптоварен или е под екстремен стрес.

Авионот може да лета и без пилот доколку е потребно, и може да истрела хиперсонични проектили.

Но, изградбата на таков комплексен авион е исклучително скапа – развојот на авионот F-35 беше најскапата програма што некогаш ја презел Пентагон – така што Британија бара партнери.

Италија веќе се приклучи, а додавањето на Јапонија е значаен потег – во време кога Британија гради поблиски врски со сојузниците во индо-пацифичкиот регион, загрижена за влијанието на Кина.

Други земји сепак би можеле да се приклучат на програмата. Франција, Германија и Шпанија веќе работат заедно на свој посебен дизајн – како и САД.

За Обединетото Кралство овој проект не се однесува само на безбедноста, туку и на економијата. „Се надеваме дека развојот на нов борбен авион може да создаде и одржи илјадници работни места во Велика Британија и да ги отвори вратите за поголем извоз на оружје“, вели премиерот Сунак.

Извор: Би-Би-Си

борбен авион Велика Британија Италија Јапонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.