Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еуроактив: БиХ неделава ќе добие кандидатски статус

0
By Соња Крамарска on December 12, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 12, 2022 10:57

Босна и Херцеговина треба да добие статус на кандидат за ЕУ оваа недела, дознава Еуроактив, по препораката од Европската комисија во октомври, бидејќи Унијата почна да внимава на стратешкото значење на регионот.

Земјите-членки на ЕУ оваа недела треба да потпишат нацрт-документ за процесот на проширување, стабилизација и асоцијација на ЕУ, во кој Еуроактив имал увид, а кој „препорачува да и се додели статус на земја-кандидат на Босна и Херцеговина“.

Чекорот ќе дојде откако претходно во октомври, Европската комисија препорача да му се даде кандидатски статус на Сараево како дел од својот годишен извештај за проширувањето, но приложи листа од осум реформски приоритети за кои рече дека ќе помогнат да се зајакне демократијата во земјата.

Тие вклучуваат мерки за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, управувањето со миграцијата и основните права.

Босна и Херцеговина е потенцијален кандидат за членство во ЕУ од 2003 година а официјално аплицираше за тоа во февруари 2016 година.

„Во тековниот геополитички контекст, Советот ја нагласува итноста земјата да напредува на својот пат кон ЕУ“, се наведува во нацрт-документот, иако сепак ја нагласува потребата од исполнување на тие приоритети.

За долгорочните набљудувачи, препораката на Комисијата е изненадување бидејќи овогодинешниот извештај за проширувањето забележа само ограничен напредок, особено во однос на изборните реформи.

Сепак, комесарот за проширување Оливер Вархеји изјави за Еуроактив дека идејата е дека „Босна има поента да докаже дека тие ќе ги прават работите поинаку“, додавајќи дека овој морков не е понуда за политичката класа, туку за земјата.

Според нацрт-документот, европските министри треба „со загриженост да го забележат севкупниот ограничен напредок во реформите“, но ќе ги истакнат позитивните чекори преземени од Сараево за неколку прашања.

Тие најмногу се однесуваат на изменување и дополнување на законот за јавни набавки, управување со јавните финансии, назначување на четворица судии во испразнети и ратификација на неколку договори на ЕУ за истражување, цивилна заштита и соработка со ЕВРОПОЛ.

„ЕУ очекува брзо да се формираат функционални законодавни тела и влади на ниво на држава, ентитет и кантон за да се фокусираат на реформите на патот кон ЕУ“, се забележува понатаму во нацрт-документот.

Минатиот месец, десетина партии во бошњачко-хрватската федерација на Босна и Херцеговина потпишаа коалициски договор по општите избори во октомври, отворајќи го патот на владата да започне со работа и исполнувајќи еден од условите за приближување на земјата до добивање кандидат за ЕУ статус.

Според познавачите на ова прашање, следните чекори се очекува да бидат формалност и одлуката треба да биде одобрена од амбасадорите на ЕУ денеска, од министерот за европски прашања утре и на крајот од лидерите на ЕУ на нивниот редовен самит подоцна оваа недела.

Чешкото претседателство со ЕУ, Австрија, Словенија, Италија и Унгарија беа значајни поддржувачи на одлуката.

Главните противници во изминатите недели, Франција, Холандија и до одреден степен Германија веруваа дека доделувањето кандидатски статус сега ќе биде незаслужена награда за властите во заминување на Босна и Херцеговина, кои направија многу малку за да ги унапредат амбициите на земјата за ЕУ.

Холандија се истакна како најскептична земја-членка, но се чини дека нема да застанат на патот на овонеделната одлука, прогнозира Еуроактив.

Извор: Еуроактив

БиХ ЕУ кандидатски статус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.