НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Меѓународниот углед на ЕУ зависи од справувањето со Катаргејт

0
By Соња Крамарска on December 14, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Угледот на ЕУ на меѓународната сцена зависи од истрагата за случајот со корупција наречена од медиумите „Катаргејт“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел на Форумот за човекови права, нагласувајќи дека корупцискиот скандал во кој е вмешан Европскиот парламент доведе до тоа „луѓето да се смеат на ЕУ”.

Минатата недела, властите во Белгија, дом на Европскиот парламент, извршија неколку апсења и претреси во Брисел како дел од истрагата за сомневања за корупција поврзана со Катар. Конкретно, приведена е потпретседателката на Европскиот парламент, грчката политичарка Ева Каили и нејзиниот партнер, а претресена е и нејзината резиденција. Како дел од истрагата, белгиската полиција запленила над 1,5 милиони евра во готовина и вредни подароци. Кајли беше исклучена од својата политичка партија ПАСОК во Грција и го загуби местото во Европскиот парламент.

„Тоа што се случи во Европскиот парламент… не треба да го криеме, напротив треба да покажеме колку е сериозно, колку е сериозно за нашиот политички систем. Некои ни се смеат и велат: „Хаха, зборувајте за корупцијата во мојата земја, но погледнете што се случува во вашата земја! Но, тука барем обелоденуваме и реагираме, има одговорност. Тоа е голема разлика. Но, мораме да бидеме многу внимателни… Нашиот надворешен авторитет зависи од тоа како ќе се справиме со оваа ситуација“, рече Борел, говорејќи на форумот за човекови права во Брисел.

Ева Каили Европски парламент Жозеп Борел корупциски скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.