Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дендиас: Грција е најблискиот партнер на Северна Македонија во регионот без скриени агенди

0
By Ана Василевска on December 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 15, 2022 16:13

Секогаш може да сметате на нашето пријателство и секогаш може да сметате на нашата поддршка, порача шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, додека пак министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи истакна дека односите меѓу двете земји претставуваат вистински пример за добри соседи и како се гради стабилно и долготрајно партнерство, базирано на взаемна доверба и почитување, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас и Османи денеска се сретнаа во грчкото МНР, средба на која беа потврдени одличните билатерални односи во сите области, се осврнаа и на можностите за дополнително продлабочување, а уште еднаш беше изразена грчката поддршка за ЕУ – перспективата на нашата земја.

„Сакам да ја изразам мојата благодарност за грчката поддршка за нашата европска интеграција, која што очекуваме да продолжи и за време на преговорите со ЕУ и преку одлуките во европските тела, како и преку споделување искуства“, истакна Османи.

„Политичката меѓувладина конференција испрати јасна порака, не само за Северна Македонија, туку и за европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. И ние целосно веруваме и се стремиме кон тоа иднината на целиот Западен Балкан да е во Европската Унија“, рече Дендиас и додаде дека не се дозволени ревизионистичките аспирации на Западен Балкан.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека „Грција е најблискиот партнер на Северна Македонија во регионот без скриени агенди“, додека пак Османи потенцираше дека „имаме договор за стратешко партнерство, Договорот од Преспа чие доследно спроведување претставува основа за понатамошна соработка и дополнително зајакнување на нашите блиски односи“.

„Добрите политички односи меѓу двете земји, исто така, создадоа нови услови за развој на економската соработка. По потпишувањето на договорот, вкупната трговска размена меѓу двете земји се зголеми за речиси 100 проценти. Во 2019 имавме трговска размина од 840 милиони евра, оваа година се предвидува дека трговската размена ќе надмине 1,6 милијарди евра. Ова, секако се одлични резултати, но убеден сум дека можеме да одиме уште напред“, рече Османи, и ги спомена и директните грчки инвестиции во Северна Македонија, кои се над половина милијарди евра.

Дендиас рече дека разговарале за билатералната соработка во енергетиката, економијата, одбрана, поврзаноста, како и „за стратешката важност на интеконекторот“ меѓу двете земји, но и за воената соработка , а му честиташе на Османи и за усогласувањето со европските политики за безбедноста.

Во фокусот на разговорите беше и претстојното претседателство со ОБСЕ на Северна Македонија, за кое Дендиас му упати честитки на Османи, му посака успех, но исто така изрази и убеденост дека ќе биде успешно и дека „Северна Македонија ќе направи најдобро што може“, паралелно повторувајќи ја и грчката поддршка.

„Сакам јавно да кажам дека целосно ќе ве поддржиме“, истакна Дендиас.

Османи ја посочи важноста на улогата на ОБСЕ за мирот и стабилноста.

„Земајќи ги предвид актуелните околности, преземаме голем предизвик со претседателство со ОБСЕ во 2023 година, бранејќи ги принципите и обврските на ОБСЕ за безбедноста и безбедносните прашања“, рече Османи, додавајќи дека потребна е поддршка од сите членови, од сите партнери за зајакнување на улогата на ОБСЕ во гарантирањето на мирот и стабилноста

Говорејќи за регионот, рече дека Србија и Косово се соочуваат со тешки предизвици, но, истакна дека не само регионот, туку и Европа поминува низ најлоша криза досега.

Двајцата министри во изјавите по средбата се осврнаа и на руската инвазија во Украина, Дендиас ги спомена и односите на Грција со Египет и Турција, велејќи дека ќе го брифира Османи за време на ручекот за турската реторика во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека ова е трета билатерална средба со Османи во последните седум месеци, а по изјавите за медиумите, двајцата министри, разговорите ги продолжија на работен ручек.

Шефот на дипломатијата Османи, од грчкото МНР попладнево ќе замине во Министерството за животна средина и енергетика на Грција, каде ќе се сретне со министерот Костас Скрекас.

Бујар Османи Грција Никос Дендиас Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.