НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спектакуларно финале: Меси и Аргентина се светски шампиони!

0
By Marta Pesevska on December 18, 2022 ВЕСТИ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гледавме финале на Светското првенство какво што само можеме да посакаме, а на крајот по изведувањето на пенали се радуваше Аргентина.

Аргентина од почетокот на натпреварот беше подобрата репрезентација создаваше шанси, а таквата игра им се исплатеше после 22 минути. Анхел Ди Марија падна во шеснаесетникот, а судијата Марчињак покажа на белата точка. Меси ја презема одговорноста и беше сигурен реализатор. Продолжи Аргентина да биде подобрата репрезентација и на сцена повторно стапи Анхел Ди Марија во 36. минута кога по додавањето од Мекалистер реализраше за 2:0.

 

 

Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

На пауза се замина со 2:0. Аргентина изгледаше како подобра репрезентација на теренот се до самиот финиш. Дешамп направи неколку измени, но Франција продолжуваше да биде во подредена улога и така беше се до последните десетина минути од натпреварот.

Марчињак во 80. минута повторно покажа на белата точка, сега на спротивната страна. Ако Меси претходно беше сигурен за Аргентина, сега истото важеше за Мбапе кај Франција. Со првиот гол Мбапе се израмни со Меси на листата најдобри стрелци на Мундијалот, а само една минута подоцна со втор гол донесе изедначување и голема радост за Франција.

Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Во продолженија Аргентина успеа да се соземе од шокот и двата гола на Французите, па повторно тие беа репрезентацијата која ја имаше топката во поголем посед. Се играше 109. минута од натпреварот кога по шутот на Лаутаро Мартинез топката се одби до Меси кој се најде на вистинското место и погоди за трет гол на Аргентина. Возбудувањата не завршија ниту тука. Во 116. минута Франција доби нов пенал поради игра со рака во шеснаесетникот и повторно Мбапе застана на белата точка, не погреши и со хет-трик донесе ново изедначување.

Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Франција во последните секунди имаше огромна шанса преку Коло Муани кој излезе сам пред Емилијано Мартинез, а аргентинскиот голман чудесно интервенираше, па победникот се решаваше по изведување на пенали.

Мбапе со својот трет пенал на натпреварот застана прв кај Французите и по третпат беше сигрен. Меси веднаш изедначи, а првиот кој промаши беше Кингли Коман во втората серија кај Франција. Дибала по средината го матираше Лорис за водство на Аргентина. Чуамени катастрофално лошо шутираше во третата серија, промаши цел гол и тука веќе се најавуваше големата победа на Аргентина. Паредес стрелаше за Аргентина, а Коло Муани остави трошка надеж за Французите. Сепак се беше готово кога во следниот пенал Акуна реализираше за светска титула.

Messi with a hugely important goal for Argentina 🇦🇷

Could be the winner. What a GOAT 🐐

pic.twitter.com/AQDQtzAbJt

— Mimi Fawaz (@MimosaFawaz) December 18, 2022

MBAPPE HATTRICK TO LEVEL IT AGAIN#ARG 3-3 #FRA pic.twitter.com/MLt9A9XR51

— FIFA World Cup 2022 (@2022_QatarWC) December 18, 2022

Извор: Слободен печат

Аргентина Катар светска титула СП2022 Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.