НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илон Маск е поканет на разговор во Европскиот парламент

0
By Соња Крамарска on December 20, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илон Маск е поканет да дојде во Европскиот парламент за да учествува во јавна дискусија за Твитер, јави ДПА, повикувајќи се на писмо во кое имала увид.

Во поканата до Маск се вели дека платформата не треба „ненамерно да стане катализатор за говор на омраза, мешање во изборите и лажни информации“. Писмото е со датум од вчера и е потпишано од претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Во него американскиот милијардер е поканет лично да учествува во „отворена јавна размена на мислења“.

Откако заврши со преземањето на Твитер, Маск беше постојано предупредуван од Европската комисија дека неговиот влијателен социјален медиум наскоро ќе мора да се усогласи со техничките прописи на ЕУ кои ќе стапат во сила во јануари 2024 година. Откако Маск воведе нејасни правила за промовирање линкови до други социјални медиуми, комесарот за внатрешни пазари Тиери Бретон вчера напиша на Твитер дека „платформите не можат да продолжат нагло да ги менуваат своите политики“. Неконзистентниот пристап на Маск кон објавените содржини исто така привлече внимание.

Законот за дигитални услуги (ДСА), кој ќе стапи во сила во февруари 2024 година, ги утврдува обврските на технолошките и интернет компаниите и бара од нив да преземат брза акција против нелегалните онлајн содржини како што се говорот на омраза и дезинформациите и воведува протоколи за блокирање на ширење на штетна содржина за време на кризи како што е пандемијата на Ковид-19.

Извор: МИА

Европски парламент Илон Маск
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.