НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укината е состојбата на зголемена борбена готовност на Армијата на Србија

0
By Соња Крамарска on December 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Состојбата на зголемена борбена готовност во вооружените сили на Србија е укината со одлука на претседателот и врховен командант Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Борбената готовност беше прогласена на 26 декември поради ситуацијата на северот на Косово. Тогаш Вучиќ како врховен командант на српските вооружени сили нареди војската и сите единици на МВР да бидат на највисоко ниво на борбена готовност.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изрази „голема благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Србите од Косово и Метохија“ што, како што наведе, „нашле сила да одговорат на бруталниот терор и агресија со речиси безгранично трпение, посветеност на мирот, мудрата политика и дијалог со сите оние кои на кој било начин можеле да придонесат за зачувување на мирот“.

„За жал, верувам дека тука не е крајот на провокациите на Курти, но се надевам и верувам дека меѓународната заедница ќе се погрижи постигнатите договори во последните 24 часа да се почитуваат за да се зачува овој момент на мир и стабилност, како би се свртиле кон исполнување на Бриселскиот договор“, напиша таа на Твитер.

Брнабиќ им се заблагодари и на меѓународните партнери кои помогнаа да се зачува мирот.

Специјалниот претставник и шеф на мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде ги поздрави сите мерки за смирување на тензиите на северот на Косово, вклучително и отстранувањето на барикадите.

Таа оддаде признание на макотрпните напори на сите страни, вклучително и меѓународните партнери, да се осигура безбедноста на населението на Косово во сите заедници.

Зијаде ја истакна важноста од почитување на обврските и продолжување на разговорите со цел целосно решавање на отворените прашања и нормализирање на односите без одлагање, се наведува во соопштението на УНМИК.

Се очекува денеска отстранување на барикадите на северот на Косово. Засега е отстранета барикадата на пунктот Мердаре од правец на Куршумлија. Во текот на ноќта биле опожарени два камиони кои биле поставени на мостот кај Дудиниот крш како блокада на патот.

Извор: МИА

Ана Брнабиќ Армија на Србија барикади Косово Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.