НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: За да зборуваме за даночење на богатите, прво треба да дефинираме кои се тие

0
By Соња Крамарска on January 3, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Го укинуваме прогресивното оданочување, но не се откажуваме од него. Работиме на нов модел кој ќе биде во насока да се опфатат сите приходи во едно домаќинство. Јас не сум против прогресивното оданочување, но, за да зборуваме за оданочување на богатите прво треба да ги дефинираме кои се тие, да се утврдат прагови кои ќе имаат ефект па дури потоа да ги оданочиме“, вели директорката на Управата за јавни приходи и заменичка претседател на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за порталот Локално.

Лукаревска додава дека „треба да креираме соодветен модел, добро креирано даночно решение носи и даночни придобивки“.

За резултатите на институцијата која ја предводи вели дека е задоволна од наплатата на даноците, и во однос на планот и во однос на 2021 година.

„За периодот јануари-декември заклучно со 27.12.2022 година, наплатата на приходите е за 17,36 проценти повисока, во однос на наплатата во истиот период од 2021 година. За периодот од јануари до 27 – ми декември 2022 година, наплатен е износ од 102,8 милијарди денари, додека во истиот период лани е наплатен  износ од 87,6 милијарди денари. Годинава, споредбено со лани, имаме повисока наплата кај данокот на добивка за 44,88 проценти, повисока наплата кај данокот на личен доход за 16,93 проценти и повисока наплата кај данокот на додадена вредност за 12,3 проценти“, истакнува таа.

Во однос на даночната реформа и обвинувањата на опозицијата дека таа е за полнење на испразнетиот буџет, Лукаревска е децидна дека идеално решение нема, „но ние треба да го избереме најсоодветното“.

„Со прифатените измени се прошири даночната база преку таргетирање на даночните ослободувања и олеснувања во постојниот данок на личен доход со што се обезбедува поголема праведност на даночниот систем, како и правична распределба на даночниот товар по основ на данок на личен доход од труд и доход од капитал. Во однос на Данокот на добивка, предложените измени и дополнувања на законот треба да придонесат кон намалување на административниот товар на даночните обврзници и на УЈП како и воспоставување на неутрален даночен систем“, вели директорката на УЈП.

За падот на рејтингот на СДСМ според последните анкети, заменик претседателка на владејачката партија вели дека пораките на граѓаните треба да се земат сериозно во предвид, и дека во СДСМ, и таа лично, тоа го прават.

„Ако внимателно се анализира анкетата, од неа може да се извлечат заклучоци за расположението на граѓаните во септември и октомври 2022 година. Тоа е само неколку месеци по вревата и ширењето на лажни вести за францускиот предлог, кога последиците од глобалната економска и енергетска криза најмногу се чувствуваа. Сега да се направи анкета сигурно дека ќе има одредени разлики“, тврди во интервјуто Лукаревска.

 

даноци интервју рејтинг на СДСМ Сања Лукаревска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.